Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Теренска кампања на АПРЗ за запознавање со мерките од програмите за поддршка на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Теренска кампања на АПРЗ за запознавање со мерките од програмите за поддршка на земјоделците
Агровести

Теренска кампања на АПРЗ за запознавање со мерките од програмите за поддршка на земјоделците

Објавено 28/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – АПРЗ со седиште во Битола, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа теренска кампања за информирање на земјоделските производители за можностите за искористување на мерките од програмите за поддршка.

Од АПРЗ информираат дека кампањата се одржа со претходно изработен акционен план од Агенцијата, со детални оперативни планови за теренската посета со која беа опфатени околу 460 населени места во сите општини во државата.

-Со оваа информативна кампања поголем број на производители беа запознаени со мерките од програмите за поддршка, подобноста и критериумите за користење на оваа поддршка. Реализацијата на предвидените активности во акциониот план што ги презеде АПРЗ беа насочени кон организирање на индивидуални и групни средби со претставници од земјоделските стопанства во руралните средини, промоција и презентации за мерките од програмите, промоција и информирање преку национални и локални медиуми за мерките од програмите на МЗШВ за 2023 година, идентификација на земјоделци кои ги исполнуваат условите за користење на мерките од програмите преку користење на податоците од ФАДН системот, како и континуирано информирање на сите заинтересирани со објавување на програмите и јавните повици.

На земјоделците АПРЗ им пружа и помош на земјоделците при пополнување на барањата за мерките од програмите во 2023 година.

Во наредниот период кампањата ќе продолжи со консеквентно информирање и промоција на програмите, како и појаснување на критериумите и директна поддршка во поднесување на барања при објавен јавен повик, посочуваат од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Претходен напис Николовски: Целосно сме подготвени за имплементација на ИПАРД 3 и распишување на првиот повик
Следен напис Зошто треба да јадеме марула?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?