На иницијатива на Министерот Николовски, по сугестии од земјоделците и средби на терен се одржа состанок за реорганизирање на АД Водостопанство и долгорочно решавање на проблемите на земјоделците во делот на наводнување. Целта на реорганизацијата на ова претпријатие е да се обезбеди навреме вода до секоја површина, преку оспособени системи.
„Работиме на реорганизирање на АД Водостопанство и решавање на проблемите на земјоделците. Заштедите на вода, капиталните инвестиции во системите за наводнување и новиот модел на организирање се наш приоротет.“, рече министерот Николовски.
Исто се очекува и конкретен план и активности од АД Водостопанство за пуштање на сите системи за наводнување пред почетокот на сезоната.
