Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“
Саеми и манифестации

Успешно претставување на македонското вино на најголемиот вински саем во светот „Prowein“

Објавено 24/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дванаесет македонски винарници ги претставија своите вина на „Prowein“ – најголемиот вински настан во светот, кој се одржа од 19 до 21 март 2023 во Дизелдорф. „Prowein“ е еден од најпрестижните саеми во светот каде што компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници.

На овој саем се претставуваат извозно ориентирани винарии, чие производство ги задоволува потребите за пласман на странските пазари во однос на квалитетот на виното и бараните количини.

Бројните посетители искажаа задоволство и интерес за понудата и квалитетот на нашите вина кои беа изложени на заедничкиот штанд. Таму беа присутни вината на „Тиквеш“, „Tikves Cheataux&Domaines”, „Стоби“, „Камник“, „Бовин“, „Венец“, „Шато Сопот“, „Милев“, „Далвина“, „Езимит“, „Попов“ и „Имако“.

Ова се само дел од нашите извозни компании кои се вистински амбасадори на нашата држава. Над 80% од произведеното вино се извезува додека вредноста на извезеното вино во 2022 е околу 58 милиони евра со што виното е значаен учесник во трговската размена и придонесува кон економскиот развој на државата. Од година во година расте учеството на извезено вино во шишиња на сметка на наливното вино, расте просечната цена на извезен литар, што значи дека напорите за промена на стратегијата на секторот вродуваат со плод и се гради имиџот на државата како винска земја.

Во официјалната програма на саемот нашите вина од сортата Вранец беа претставени на мастеркласот „Вранец: Откривање на најдобро сочуваната тајна во винскиот свет“ презентиран од страна на Керолајн Гилби (Caroline Gilby) Master of Wine. Дел од посетителите за прв пат ја пробаа оваа сорта која е наша перјаница и гордост на винската индустрија. Настанот го посети и македонскиот амбасадор во Берлин, Васко Грков; директорот на саемот, Питер Шмиц (Peter Schmitz).

Заедничкиот штанд и претставувањето на овие винарии беше организирано од Здружението „Вина од Македонија“, со финансиска поддршка од винариите и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.
На „Prowein“ годинава присуствуваа 49.000 посетители од 141 земја кои имаа можност да посетат околу 6.000 изложувачи од повеќе од 60 земји. Повеќе од 65% од посетителите беа лица кои се вклучени во набавки на вино. Преку богатата програма на различни содржини, дегустации и мастеркласови, производителите на вино и алкохолни пијалоци ги приближија своите понуди на бројните купувачи, дистрибутери и увозници.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Prowein
Претходен напис Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот, најави Ковачевски
Следен напис За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?