Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебар досега откупени околу 1.500 јагниња, од вкупно 20.000, колку што има за продажба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебар досега откупени околу 1.500 јагниња, од вкупно 20.000, колку што има за продажба
Агровести

Во Дебар досега откупени околу 1.500 јагниња, од вкупно 20.000, колку што има за продажба

Објавено 22/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите од општина Дебар и Центар Жупа, почнаа со продажба на јагнињата, при што од
вкупно 20 илјади до денес откупени се околу 1.500 јагниња.

-Цената се движи од 180 до 190 денари за килограм жива мера. Искрено, меѓу сточарите постои незадоволство, но, ете мора да се продадат. Она што посебно треба да се нагласи е фактот дека оваа година на продажба се сите 20 илјади јагниња, зашто ниту еден од сточарите не покажа волја да зачува јагниња за зголемување на стадата, кои од година во година сè се помалубројни, изјави за МИА, Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“, кое ги опфаќа сточарите од двете општини.

Според него, ако до пред три години вкупно на ова подрачје имало над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е за 10 илјади помал.

-Причините пред сè лежат во фактот што младите заминаа во западно европските земји и САД. Во последните три години, десет сточари, кои имаа големи стада ги продадоа, а тој тренд продолжува. Влијание има и тоа што за јагниња нема субвенции. Покрај другото се соочуваме и со проблемот со недостиг на овчари. Порано ги обезбедувавме од соседна Албанија, но и тамошните млади заминаа на запад, додава Аме.

Јагнињата, како и дебарското сирење, кое се произведува на традиционален начин, се познати по својот квалитет. Сирењето главно се пласира на домашниот пазар, додека јагнињата, со години завршуваат, пред сè, на италијанскиот пазар.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:jagneОвца
Претходен напис Како правилно да го посадите и да го одгледувате црвениот кромид
Следен напис До крајот на неделава стабилно и потопло, од понеделник дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?