Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По лебот, тестенините и млечните производи, замрзнати цените на оризот и јајцата, се прават анализи за овошјето и зеленчукот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По лебот, тестенините и млечните производи, замрзнати цените на оризот и јајцата, се прават анализи за овошјето и зеленчукот
Агровести

По лебот, тестенините и млечните производи, замрзнати цените на оризот и јајцата, се прават анализи за овошјето и зеленчукот

Објавено 22/03/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По лебот, тестенините и дел од млечните производи, од вчера замрзнати се цените и на оризот и јајцата, а Владата анализира дали со бранот замрзнувања на цените на прехранбените производи да бидат опфатени и овошјето и зеленчукот. Истовремено, на 70 проценти е ограничен и извозот на домашно производство на јајца од кокошка со цел да се избегне евентуален дисбаланс во понудата и да се спречи целосен извоз во соседството каде цената е повисока.

Стопанските комори, пак бараат Владата да престане со замрзнување на цените и да најде други механизми за помош на граѓаните како што се намалување на даноците и на ДДВ-то и да се интервенира преку државните резерви.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со сопствениците на најголемите супермаркети во земјата.

Владата вчера ја замрзна цената на јајцата и оризот на нивото на цените кои се применувале на 15 март годинава во трговијата на мало, за соодветната класа по производ.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, просечната цена на јајцата на 15 март изнесувала околу 8,5 денари, а најскапото чинело 9,8 денари зависно од пакувањето, амбалажата и трошоците што ги имале компаниите.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на оризот и јајцата, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски.

Овие мерки, како што укажа, не се носат произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, реализирани во изминатиот период.

Одлуката за ограничување на извозот на јајца, како што појасни министерот Бектеши, е донесена за да не се одлее целото производство надвор од државата каде цените на овој производ се многу повисоки.

-Многу е важно да се нагласи дека е зголемена побарувачката за производството на јајца од државава особено од нашите соседи каде што цените се движат од 14 до 20 центи и нагоре. Тоа значи дека ако се дозволи целосен извоз повеќето заради економски интерес би можеле да го насочат целото производство во соседните држави. Затоа дополнително освен за замрзнувањето на цената е донесена и одлука за ограничувањето на извозот, каде што 70 проценти од целокупниот пласман во јануари и февруари сите наши производители да ги снабдуваат нашите ланци на маркети, а со тоа да нема недостаток на овој производ и да нема зголемување на цената како притисок однадвор особено од државите во регионот, рече Бектеши.

Од Владата порачуваат дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот пазар и на светските пазари и оти соодветно ќе реагираат.

На вчерашната седница на Владата е разговарано и за евентуално замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, а анализите што ги направило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да се достават до Министерството за економија и до Кабинетот на премиерот.

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најави дека носењето заштитни маски или други средства за покривање на устата и носот во продавниците и супермаркетите во Англија ќе биде задолжите

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) вчера во пресрет на прес-конференцијата во Владата, побараа да се престане со замрзнување на цените на основните прехранбени производи и наместо тоа да се најдат други можности за намалување на цените за крајните корисници, како што се намалување на даноци и ДДВ и интервенирање преку државните резерви.

И од Стопанската комора на Северна Македонија порачаа дека замрзнувањето на цените не е пазарно решение, а товарот од кризата, како што рекоа, не треба да го носи само една индустрија, туку да падне врз грбот на сите по малку. Предложија државата да даде таргетирана финансиска помош на ниво на семејства кои би купувале леб по замрзнати цени.

– Сите одлуки за цените се донесени по директни разговори со производителите и се информирани и стопанските комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора на Северна Македонија, рече вчера министерот Бектеши.

Нагласи дека се отворени за предлози за други мерки, механизми и методологии но, само доколку тие се одржливи. Досега добиле конкретен предлог само за укинување на сите царински давачки, што, според Бектеши, е неодржливо на краток и на долг рок.

Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:замрзнати ценизеленчуковошје
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со умерен ветер од северен правец
Следен напис Колкави се цените за закуп на земјоделско земјиште во ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?