Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Има доволно средства за дополнителна поддршка во сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за сè за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите, вели Николовски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Има доволно средства за дополнителна поддршка во сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за сè за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите, вели Николовски
Агровести

Има доволно средства за дополнителна поддршка во сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за сè за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите, вели Николовски

Објавено 15/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, смета дека Министерството успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство. Рече дека зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за се за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите.

„Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини“, изјави Николовски. 

На новинарско прашање дали има простор за намалување на цените на зеленчукот и на овошјето, Николовски посочи дека се исполнува поставената цел и е зголемено производството на сончоглед, на житните и на останатите важни култури.

– Дел од овие клучни култури веќе стануваат извозни култури на државата, тоа е клучна цел и обврска на Министерството, затоа креиравме интервентен фонд, мерки за поддршка како да помогнеме во време на криза на земјоделците при вакви зголемени светски импути на влезните елементи во делот на земјоделското производство, што се случија минатата година. Единствена земја во регионот сме која го воведе Интервентниот фонд, со цел да го стабилизира и зголеми домашното производство. Министерството за земјоделство не регулира цени, туку дава поддршка на земјоделците да се зголеми и одржи домашното производство за да не ни се случи пад на производството во време на криза, рече Николовски, посочувајќи дека Владата на предлог на Министерството за економија со соодветни мерки  и политики носи соодветни одлуки дали ќе има замрзнување на  цените на одредени производи.

Прашан дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството.

– Единствена земја во регионот сме која воведе интервентен фонд и исплати 10 000 земјоделци за да помогне во производството. Тоа е нашата обврска, да го зголемиме македонското производство на храна во време на криза, а Владата носи одлуки на предлог на Министерството за економија кога има одредени осцилации и проблеми во делот на цената како што досега секогаш интервенираше вклучително и последните неколку одлуки што се донесоа во делот на лебот. Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Обезбедени се, потенцира министерот, 400 милиони денари. Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, како што рече, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитеНиколовскиподдршкаСточарите
Претходен напис Николовски: Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, а се подготвуваат субвенциите за тутунот
Следен напис Турција сака Договорот за житарки да биде продолжен на 120 дена наместо на 60 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?