Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Поттикнувајќи го договорното производство, успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производството на сончоглед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Поттикнувајќи го договорното производство, успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производството на сончоглед
Агровести

Николовски: Поттикнувајќи го договорното производство, успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производството на сончоглед

Објавено 13/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, рече дека производството на сончоглед е двојно зголемено, благодарение на поттикнувањето на договорното производство.

„Во 2022 година сончогледот достигна досега највисока откупна цена од 35 денари по килограм. Бројките на увоз на сончоглед покажуваат дека во последната година драстично е опаднат увозот. Ако во 2020 година увозот на сончоглед е 4.000 тони, во 2022 имаме увоз од 1.000 тони. Успех бележиме и кај откупенот сончоглед со околу 13.000 тони во 2022 година на ожнеана површина од 8.000 хекатри, што е за 7.900 тони повеќе од 2021 година, кога биле откупени 5.100 тони сончоглед. Податоците на Платежната агенција исто бележат успешни бројки, каде за директните плаќања имаме 1.386 пријавени корисници за 2022 година, додека во 2021 година тој број бил 967 корисници. За повеќе од 106% се зголемени и пријавените површини со сончоглед каде за 2022 имаме пријавени 5.484 хектари, а во 2021 година бројката била 2.653 хектари. Дека го постигнавме очекуваниот ефект кај сончогледот говорат и бројките за намаленот увоз на сончоглед во 2022 со само 1000 тони, споредбено со 4000 тони во 2021 година. Вкупно во 2022 година извезени се 131 тон сончоглед што потврдува дека успеавме во целта и целото домашно прозодство на сончголед го задржавме во домашните капацитети“, рече Николовски.

Сончогледот е една од културите која се вбројува во листата на значајни култури за која е обезбедена дополнителна поддршка. Со новиот модел сите земјоделци производители на сончоглед добиваат основна директна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвенција по принос од 6.000 денари. За оние производители кои користат и сертифициран семенски материјал обезбедена е поддршка од 4.500 денари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:сончоглед
Претходен напис Во среда и во четврток запишување за огревно дрво за пензионерите од Битола, Новаци и Могила
Следен напис Русија и ОН разговараат во Женева за продолжување на рокот на договорот за житарки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?