Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Агропрогноза

Февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности

Објавено 03/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. 

-Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната  беше 0,2 степени  над просечната на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

УХМР наведува дека се забележени минимални температури под нулата во континуитет во првите 15 дена од месецот на сите мерни места. Средната минимална температура варирала од -6,1 степени во Берово до 0,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура минатиот месец била измерена во Берово – на 9 февруари и изнесувала -16,1 степени. 

-Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 13,7 мм беше регистрирано во Маврово на 27 февруари. На Попова Шапка на 1 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 73 см. Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 36 мм под просечната на ниво на држава., соопшти УХМР. 

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:екстремно сувтополухмрфевруари
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со повремен дожд
Следен напис Винаријата Стоби се закити со три златни медали и специјалната награда „Best of show“ на престижниот вински натпревар „Mundus Vini“ 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?