„Биомелан продукт“ е компанија од струшкото село Драслајца која се занимава со производство на органски сок од аронија. Се работи за семеен бизнис, а идејата била да се произведува нешто здраво, органско и ново на нашиот пазар. Разговаравме со Маја Милошевска, менаџерка на семејната компанијата „Биомелан продукт“ за почетоците, развојот, плановите за иднина…

„Уште од самиот почеток нашата цел беше да се произведува нешто што е здраво, органско и ново на нашиот пазар. Имено, нашата првична идеја беше одгледување на боровинки која не толку се покажа успешна, но тоа ни ја роди идејата за аронијата, односно после испитување на почвата се заклучи дека е идеално место за одгледување на аронија. Заедно во склоп на македонското сонце и почва имаме изнанадувачки блага аронија со која можеме да конкурираме и на домашниот и на странските пазари. Така во 2016 година започна нашата приказна.“, ни раскажа Милошевска.
На почетокот се соочиле со проблеми со откупот на аронијата и тогаш се родила идејата за ладно цедениот органски сок од аронија.

„Како што напоменав, неуспешниот обид за боровинки ја роди идејата за аронијата.
Па првите две години од берба се соочивме со проблеми околу откупот, бевме принудени да размислуваме кој следен чекор да го преземеме, тоа извонредно овошје со посебен специфичен вкус и блаж којшто самата почва и местоположба го прави, да веруваме во него и да го задржиме на пазарот. Така дојдовме до идеја без да ги уништуваме сите благодети кои ги дава ова овошје да го преработиме во ладно цеден органски сок од аронија. Морам тука да напоменам, иако имавме неуспешен обид за одгледување на боровинки, не застанавме тука. Неколку години подоцна после добро истражување во 2020 повторно се засадени боровинки со посебна технологија и супстрат и со тоа успеавме да сме лидери во нашата земја за успешно засадени и одгледани боровинки. Веќе втора година гордо може да се пофалиме за успешна и плодна берба. „Биомелан“ е семеен бизнис и секако секој од нас помага во зависност од своите можности, најмногу сме вклучени јас и татко ми, но секако и останатите членови се тука да помогнат. За време на берба има потреба од дополнителна работна сила, но веќе имаме круг луѓе со кои повеќе време работиме заедно и можам да ги сметам како дел од нашето семејство.“, вели Маја.

Аронијата важи за една исклучително здрава бобинка која изобилува со бројни витамини, минерали и антиоксиданси како што се танини, антоцијани (Биомелан содржи 331 мг/100г) и флавоноиди. Со бројните витамини од групата Б, витамин К, А како и витамин Ц помага за подобрување на имунитетот, исто така покачување на железото во крвта, се бори против бројни вируси и бактерии во организмот, односно има антиимфламаторно својство. Аронијата ја подобрува циркулацијата на крвните садови во крвта, а со тоа помага во главоболки и мигрена. Помага во заздравување на рани како и ред други придобивки и затоа се смета за една од најзравите бобичести растенија.

Производите на „Биомелан“ се специфични по блажината на аронијата, која произлегува од местоположбата на насадите.
„Разликата и специфичноста на нашите од другите производители е во самата аронија, односно блажината што ја има. А сето тоа произлегува од местоположбата на насадите. Производите од самата суровина до процесот на производство се комплетно органски, со сите витамини и минерали задржани во нив. Нашите производи се здрави и со многу љубов спакувани. Тоа ги прави уште поуникатни. Производството на сок на почетокот ни изгледаше сложено, но кога добро ќе се истражи процесот може да се каже дека е еден од наједноставните процеси. The platform delivers a seamless and secure entertainment experience for every player. Pinco casino combines elegant design, user-friendly navigation, and compatibility across all devices to ensure effortless access anytime. Players can explore a vast selection of games, enjoy instant deposits and withdrawals, and rely on strong data protection. Every aspect of the service is created to provide comfort, transparency, and excitement. With responsive customer support and regular updates, the platform continues to set high standards in modern online gaming. Самиот процес е всушност само ладно цедење, пастеризација и флаширање на производите со запазени стандарди за производство под италијанска технологија.“
Аронијата што ја користи „Биомелан“ е органска. Органски одгледана аронија значи дека при одгледувањето не се прска со никакви хемиски препарати со што би дошло до модификација на производот. Околината каде што се засадени е еколошка, а тоа е и еден од барањата за да може производот да стане органски.

Маја вели дека со цел подобар пласман насочени се кон запознавање на луѓето со нивниот производ, пред се со бенефитите кои аронијата ги има за здравјето.
„Аронијата се уште не е добро позната општо на пазарот, па така и самиот пласман оди малку отежнато. Се трудиме да ги запознаеме повеќе луѓето со неа и со нејзините огромни придобивки, а со тоа и да го отвориме пазарот за пласман. Моментално производот е достапен во одредени маркети и преку online продажба преку нашата веб-страница www.biomelan.com.mk и фејсбук-страницата https://www.facebook.com/biomelan.aronija.“
Во моментот „Биомелан“ произведува три различни видови сокови и тоа:
- Органски сок од аронија
- Сок оа аронија и јаболко
- Сок од аронија и грозје
Како што ни откри Маја, мешавините за скоро време треба да излезат во продажба како органски производи. Во моментов се и во процес на истражување на пазарот за воведување на нови производи кои нема да бидат сокови, но производот ќе биде во комбинација со аронија. Во иднина планираат воведување на нови производи, и секако освојување на нови пазари во Европа и Америка.

„Биомелан Продукт“ е еден од партнерите во Алијансата на „Премиум Производи“.
Преку Швајцарската Програма Increasing Market Employability – IME, компанијата е дел од проектот „Agri E-Commerce“ спроведен од Асоцијација за е-трговија на Македонија, кој на локалните земјоделски производители им помага да ги продаваат своите производи преку Интернет.

