Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Не ја пропуштајте можноста да добиете грант од 10.000 евра: Процедурата за регистрација за продажба од куќен праг е едноставна, вели Ирена Баливска од Будинарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Не ја пропуштајте можноста да добиете грант од 10.000 евра: Процедурата за регистрација за продажба од куќен праг е едноставна, вели Ирена Баливска од Будинарци
Агровести

Не ја пропуштајте можноста да добиете грант од 10.000 евра: Процедурата за регистрација за продажба од куќен праг е едноставна, вели Ирена Баливска од Будинарци

Објавено 23/02/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ирена Баливска од беровското село Будинарци веќе неколку години се занимава со производство на сокови, сирупи, џемови, тинктури и други производи кои ги продава од куќен праг. Со неа разговаравме за процедурата за регистрација за продажба од куќен праг.

„Процедурата за регистрација воопшто не е тешка. Се обратив во канцеларијата на Агенцијата на храна и ветеринарство во Берово, каде што ми побараа договор за земјоделското земјиште што го имам земено под закуп, документ дека сум регистрирана во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, лична карта и уплата од 400 денари. Потоа ми дадоа да пополнам едно барање. Условите што треба да се исполнат за регистрирање за продажба од куќен праг воопшто не се тешки. По проверката од инспектор дали се исполнети сите услови, за два дена ја добив и дозволата за продажба од куќен праг.“, ни објасни Баливска.

Ова искуство на Баливска го споделуваме за да ги охрабриме сите заинтересирани производители да се регистрираат во најбрз можен рок и со тоа да го исполнат главниот услов за аплицирање за грант од 10.000 евра од програмата за финансирање на земјоделските производители на храна.

Малите семејни производители се во фокусот на земјоделската реформа која почнува од оваа година, откако на владината седница беа усвоени новите програми наменети за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Преку Програмата за финасиска поддршка на мали производители на храна, овозможена е поддршка во форма на неповратен грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.

Корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во МЗШВ и кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна, од животинско или неживотинско потекло согласно Правилнииците за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата што треба да ги исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики. Прифатливи трошоци по корисник се трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Барање за воведување во евиденција на оператор со храна за примарно производство

Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарнo производство и преработка на примарни производи од животинско потекло

Барање за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики.

Потребна документација во прилог на барањето

Барањето за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики во прилог содржи:

I. За физичко лице:

  1. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали
    количества, директно снабдување;
  2. Документ за лична идентификација (копија од лична карта);
  3. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот
    /концесија;
  4. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на
    земјоделски стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе
    ги преработува;
  5. Доказ за уплатени административно такси и трошоци на Образец ПП-50
  6. II. За правно лице:
  7. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали количества,
    директно снабдување;
  8. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  9. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
  10. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на земјоделски
    стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе ги преработува;
  11. Доказ за уплатени административни такси и трошоци на Образец ПП-50

Потребна документација во прилог на барањето

Барањето за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики во прилог содржи:

I. За физичко лице:

  1. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали
    количества, директно снабдување;
  2. Документ за лична идентификација (копија од лична карта);
  3. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот
    /концесија;
  4. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на
    земјоделски стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе
    ги преработува;
  5. Доказ за уплатени административно такси и трошоци на Образец ПП-50
  6. II. За правно лице:
  7. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали количества,
    директно снабдување;
  8. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  9. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
  10. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на земјоделски
    стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе ги преработува;
  11. Доказ за уплатени административни такси и трошоци на Образец ПП-50

За изготвување на апликации за грант до 10.000 евра можете да ни пишете на e-mail адреса [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви:
 070 267 789
 071 285 385
 071 225 345
 

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:АХВберовокуќен прагрегистрација
Претходен напис Како да се регистрирате за продажба на млеко и производи од млеко од куќен праг, услов за аплицирање за грант од 10.000 евра
Следен напис (ВИДЕО) Алијанса премиум обединува 18 мали производители кои со цел поголема видливост на пазарот ги пласираат своите производи под брендот „Премиум”.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?