Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > (ФОТО) Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца
Шумарство и водостопанство

(ФОТО) Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца

Објавено 15/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градежните зафати и активностите на проектот за реставрација на водотекот на реката Сатеска и нејзино пренасочување во природното речно корито во делот на Општина Дебрца се одвиваат согласно предвидената динамика и се во завршна фаза.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општината Дебрца.

-Некои од зафатите во рамки на проектот се целосно завршени, како на пример готова е разделната градба на водотекот кај селото Волино, како и таложникот за собирање нанос што го носи реката заедно со преливникот. Во моментов се работи на уредување на речното корито низводно, рече Ногачески за МИА.

Инаку, станува збор за важен проект за Охридскиот регион како подрачје заштитено од УНЕСКО, што предвидува реставрирање на природното речно корито на реката Сатеска, нејзино враќање кон природниот тек со влив во реката Црн Дрим.

Меѓу другото се спроведуваат активности за враќање на меандрираното корито со продлабочување, вадење на наносот, чистење на коритото од отпад и зеленило, оформување на оштетените насипи на потегот од разделната градба кај село Волино до границата помеѓу општина Дебрца и општина Струга, во должина од 3.382 метри.

На водотекот кај Волино е изградена брана од армирано-бетонска конструкција, со затварачи за регулирање на протокот. Низводно од разделната градба на природното корито на река Сатеска е изграден простор за таложење на нанос, со активен волумен на таложење од 11 640 метри кубни, наменет за зафаќање на количините на нанос што би се транспортирале со реката Сатеска, како и изведба на стабилизациони и каскадни прагови.

Ногачески појасни дека проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе Општина Дебрца. Средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на Регионалниот проект за прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим.

Според сегашната динамика на извршувањето на работите на терен и договорот со изведувачот ДООЕЛ „Маркоски К 73“ од Струга, се очекува предвидените градежни активности да бидат заокружени наредните месеци.

Решавањето на проблемот со река Сатеска е една од 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион. Конкретниот проект, што макар парцијално ќе го реши проблемот на реката Сатеска како загадувач на Охридското Езеро, е активност во насока на исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион како светско природно богатство.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:сатеска
Претходен напис Штети на стрните жита во текот на зимата
Следен напис Сурутката го забрзува гоењето на свињите и ја штеди количината на храна за гоење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?