Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино
Агровести

Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино

Објавено 10/02/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино, информираше денеска градоначалникот Горан Стојанов.

– Вкупно 126 мостри на црвени, бели и розе вина и ракии се доставени по јавниот повик од страна на општината Неготино, за учество во натпреварот за избор на најдобри вина од реколтата 2022 година и ракии, од индивидуални производители од цела Македонија. Со дегустацијата на мострите и официјално започнаа активностите од „Неделата на виното“, што општината Неготино ја организира по повод верскиот празник „Свети Трифун“, заштитникот на лозарите и винарите, соопшти Стојанов.

Оценувањето на 28 мостри црвени вина, 36 бели, 14 вина розе и 48 мостри на ракии, го врши петчлена комисија, составена од енолози од Здружението на енолози на Македонија. За производителите на најквалитетните вина и ракии, општината Неготино обезбеди пригодни награди, што ќе им бидат врачени во вторник на градскиот плоштад, каде што ќе се одржи централниот настан по повод „Свети Трифун“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:недела на виното
Претходен напис Годинава за првпат се воведува програма за поддршка на малите производители на храна преку која се обезбедува грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од куќен праг или од фарма
Следен напис Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?