Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Климатските промени катастрофално се одразиле на производството на мед во Пијанец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Климатските промени катастрофално се одразиле на производството на мед во Пијанец
Агровести

Климатските промени катастрофално се одразиле на производството на мед во Пијанец

Објавено 10/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчеларството во регионот на Пијанец во последните неколку години се наоѓа во многу лоша состојба. Чист мед, како што вели Славе Никовски, еден од првите пчелари во Делчевско нема „ниту за лек“, најмногу поради слабата „паша“ и климатските промени.

-Ние овде во делчевскиот крај сме во едно подрачје кое е во „мртвило“, тревите се променија, кај нас багремот на 600 метри надморска височина „меди“ над таа височина не „меди“. Значи имаме оскудна паша, што за пчеларството не е добро. Јас како човек кој долги години се занимава со пчеларство имам доста искуство, но и тоа не помага веќе ништо. Мед нема ни 10 проценти од претходните години, има само онаму пчелите се прехрануваат секоја вечер старински наречено со порција „шербет“, вели Никовски.

Иако одгледува пчели околу 45 години, последната година, како што додава делчевскиот пчелар е најслаба кога е во прашање неговото лично производство на мед.

-Искрено мене ме фаќа страв за тоа што се случува. Располагам со голем број пчелни семејства, над 45 години се занимавам со оваа гранка, имам на три места пчели, но на сите тие места е иста состојбата. Ако нешто дојде до промена на метеоролшките услови, во тоа го гледам спасот. Јас произведував по 7 тони мед, таа бројка се намалувала и до 1 тон, а сега само последната година имам 80 килограми мед. Можеби на некои места има повеќе мед, но тоа е онаму каде повеќе семејства се поврзани и го прават збирниот број. Апел на крај оставам природата да диктира за добар чист мед, додава делчевскиот пчелар.

Во насока на подобрување на состојбата, здружението „Меден Исток“ пред делчевските пчелари презентираше нови практики во пчеларството, на кој предавач беше претседателот на здружението Ванчо Кировски.

-Јас имав можност да го кажам мојот поглед кон пчеларството и мојот начин на пчеларење и да ја споделам таа работа. Иницијативата е на еден од членовите на здружението, кој ги препозна овие практики и изрази желба да ги презентирам пред пчеларите. Од самите пчелари зависи дали ќе ги прифатат овие совети, наше беше да упатиме на она што е корисно за состојбата да биде подобрена, рече Кировски.

На крај од работилницата, присутните добија Прирачник за одржливо производство на мед и други пчелни производи издадено од здружението „Меден Исток“. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:катастрофалноклиматските променимедПијанец
Претходен напис Зголемен водостојот на реките Вардар и Црн Дрим, намалување на нивото на водата на Преспанско Езеро
Следен напис Николовски: Овозможуваме дополнителни директни плаќања од 3 денари по килограм за одржување на постоечките јаболкови насади и остварено производство на јаболка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?