Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средношколците од Земјоделското училиште Кавадарци се вклучуваат во одбележувањето на Свети Трифун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средношколците од Земјоделското училиште Кавадарци се вклучуваат во одбележувањето на Свети Трифун
Агровести

Средношколците од Земјоделското училиште Кавадарци се вклучуваат во одбележувањето на Свети Трифун

Објавено 02/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Средношколците од Земјоделското училиште од Кавадарци се вклучуваат во одбележувањето на „Свети Трифун”, информираа од воспитно-образовната установа што постои 66 години.

-Верскиот празник „Свети Трифун” се смета за заштитник на лозарите и винарите. По тој повод учениците од нашето земјоделско-шумарско училиште, подготвуваат настани во училишните простории, но и во Вински музеј Кавадарци. На денот кога традиционално во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, со молитви и желби за добар род и полни бочви со вино, се закројуваат првите лозови прачки, појасни за МИА, Влатко Тасев, професор по македонски јазик во средношколскиот центар ,,Ѓорче Петров”. Тој откри дека со сценариото за одбележување на празникот се дава значење на обредното закројување што се врши на секој 14 февруари.

Се почнува од раните утрински часови, почнува новата лозарска година. Лозарите масовно ќе почнат со кроење на насадите, бидејќи тоа е многу важно за плодноста на лозјата. Работата на лозовите насади не е ниту лесна, ниту едноставна. Тоа е вештина, занает што се пренесува со генерации, се надоградува и љубоморно се чува. Тешката земјоделска работа е исполнета со пот и крв, со жртви и самопрегор. Секоја нова сезона е нов почеток, пренесе професорот, дел од сценариото за одбележување на „Свети Трифун”. За него, рече дека ја отсликува традицијата во Тиквешијата.

Тој беше дециден дека, иако времињата се менуваат, а и начините на производство на вино, останува аманетот да се произведува вино.

-Не ја личи македонската трпеза без чаша убаво црвено вино. Нема собир или прослава без нашето македонско вино. Многу обичаи како неизоставен дел го имаат виното, додаде Тасев.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделско училиште кавадарцикавадарцисвети трифун
Претходен напис Утврдени предлог-законски измени за да се опфати оризот во стоковните резерви
Следен напис (ВИДЕО) Како изгледа најголемиот трактор John Deere при подготовка на силажа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?