Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отстранување на опасноста за мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Отстранување на опасноста за мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино
Шумарство и водостопанство

Отстранување на опасноста за мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино

Објавено 30/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино (поточно кај с. Пепелиште) и од поголемо локално поплавување.
Практично, пријавената опасност е резултат од нанесените гранки и дрва на столбовите од мостот од надојдената вода на реката.
Тоа, при оваа ситуација, резултирало тие насобрани да го попречуваат речниот тек како своевидна брана, па покрај зголемен притисок на мостот го подигаат речното ниво пред мостот и да предизвикуваат локално излевање на водата надвор од коритото.


По спроведеното информирање и координација од ЦУК, Локалната самоуправа и Водостопанство Неготино работат на планирање на начините за безбедно отстранување на опасноста.
Поради сложеноста на расчистување – неможноста од директно чистење со сегашните машини, се планира да се ангажира и специјална машина, а во дел од расчистувањето на опасноста од испреплетените насобрани гранки и дрва се планира да биде ангажиран и планинар – алпинист, со јаже да се спушта и да помага да се расчистува, според потребите и ситуацијата.
Инаку, согласно текот на настанот, прво Регионалниот ЦУК Велес извести дека во петокот на 27.01.2023 година добил информација – дојава на 112 за насобраните гранки и дрвја на мостот на Вардар на патниот правец Неготино – Штип, кај с. Пепелиште.
Конкретно, ЦУК бил информиран дека многу гранки и дрва се насобрани на столбовите од мостот што дејствуваат како своевидна брана, па покрај тоа што така се зголемува бочниот притисок на мостот, истовремено, пред мостот, реката се излева од своето корито.


Потоа, веднаш преку Регионалниот ЦУК Неготино за случајот се известени Водостопанство Неготино, при што од нив е одговорено дека ќе преземат мерки за расчистување.
Покрај локалните институции се известени и дежурните од Македонија пат, а активностите континуирано се следат и преку Регионалниот ЦУК Неготино.
Денеска, РЦУК Неготино известува дека, по остварениот разговор во 10.15 часот со директорот на Водостопанство Неготино, покрај досегашниот ангажман за случајот за насобрани гранки и дрва на столбовите на мост на Вардар кај с. Пепелиште се организира расчистување за во среда на 01.02.2023 година, заради сложеноста за расчистување, со ангажирање на специјална машина (со назив „А 916“), којашто има можност модуларно да се надоградува за да се досегнат и извадат пречките.
Според оценките на Водостопанство Неготино, при оваа ситуација, немало опасност за рушење на мостот.
Центарот за управување со кризи, преку регионалните центри, ја следи ситуацијата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Човечкиот фактор е клучен за поплавите — отпад и диви градби ја влошуваат состојбата
Поплавени 30 домови во скопската општина Сарај
Општина Неготино ја објави програмата за „Свети Трифун“
Општина Неготино повика да се поднесат мостри од вина и ракии за натпреварот во рамки на одбележувањето на „Свети Трифун“
Таг:вардарнеготиноЦУК
Претходен напис Ковачевски: Владата се посвети на приоритетите во земјоделството, 2023 година ја започнуваме без заостанати обврски кон земјоделците
Следен напис Залихите на житарки и мешунки во Русија се зголемиле на 35,3 милиони тони за една година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?