Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се излеа Вардар во Зелениково, има зафатено 15 до 20 метри од нивите, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Се излеа Вардар во Зелениково, има зафатено 15 до 20 метри од нивите, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка
Шумарство и водостопанство

Се излеа Вардар во Зелениково, има зафатено 15 до 20 метри од нивите, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка

Објавено 26/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања преку бројот за итни повици 112 во регионалниот ЦУК Скопје дека се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

– Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково, известија синоќа од ЦУК.

Пријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково. Известуваат дека за справување со поплава немаат сили и средства доколку таа се случи. Од страна на ЦУК известени се Дирекцијата за заштита и спасување за преземање мерки и активности во нивната надлежност.

– Тоа се реализираше преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка преку нивно информирање и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак” и „Матка”. Тоа барање е со цел да не дојде до поголеми штети, а со тоа и до загрозување на живот на луѓето коишто живеат во реонот на поплави или се наоѓаат во непосредна близина, а и да нема штети од поплави по нивните материјални добра, посочуваат од ЦУК.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Човечкиот фактор е клучен за поплавите — отпад и диви градби ја влошуваат состојбата
Вардар се излеа кај Балин Дол, поплави и хаос во неколку региони
Од Зелениково до Скопје со градски воз за 25 минути
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:вардарзелениково
Претходен напис Николовски на меѓународниот саем Агро Белград 2023
Следен напис Семејната фарма на Андреј од Чардаклија одгледува пуштени кокошки: Пораката што сакам да ја упатам до младите фармери е секој да излезе на пазарот со свој производ по кој ќе биде препознатлив
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?