Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мерки за штедење кои се преземени во Министерството за земјоделство по започнувањето на економско-енергетската криза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мерки за штедење кои се преземени во Министерството за земјоделство по започнувањето на економско-енергетската криза
Агровести

Мерки за штедење кои се преземени во Министерството за земјоделство по започнувањето на економско-енергетската криза

Објавено 25/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, веднаш по започнувањето на економско-енергетската криза, самоиницијативно во месец јуни воведе план за штедење со сет мерки кои предвидуваа намалување на трошоите од работењето, како одговор на негативните влијанија од кризата која го зафати светот.

Мерките имаа за цел да направат промени во начинот на вршење на работата во нашата институција а беа дефинирани како: намалување на трошоците за електрична енергија, гориво и други режиски трошоци, намалување на потрошувачката на канцелариски материјал, трошоци за прекувремена работа како и патни и дневни расходи на ниво на одржлив минимум за нормално и редовно функционирање на работата на министерството.

Во месец август, Владата на Република Северна Македонија донесе сет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија по што беше донесено упатство за заштеда на министерството. Фокусот на министерството беше да се заштеди електрична енергија и да се заштедат буџетски средства.

Денес, половина година после носењето на планот и упатството за штедење можеме да констатираме дека воведените мерки одлично ги исполнуваат зацртаните цели и министерството има реализирано заштеди од финансиски аспект.

Евидентиравме заштеда на трошоци за канцелариски материјали на крајот од второто полугодие во однос на првото со изразен процент од 39%, заштеда од 31% на трошоците за работно време подолго од редовното работно време на крајот од второто полугодие 2022 година, а заштеда од 7% е евидентирана во делот на трошоците за исплата на патни и девни расходи.

Со воведување на домаќински мерки за штедење, остваривме заштеди во трошењето на електрична енергија во периодот јули-декември, при што намалувањето на потрошувачката на електрична енергија опаѓаше во просек по 8% секој месец од воведувањето на мерките до крајот на календарската година. Во оваа насока, целосно ги исполнивме и таргетите поставени од владата со носењето на планот за рационализација на трошоците при што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во споредбените периоди за месеците септември, октомври и ноември со истите месеци од 2021 година прогресивно напредуваше од 19% кон 33% на заштеда и ја исполни целта заштедата на ниво на институција да надминува 20%. Дополнително на релаксирање на буџетот на државата и парите на граѓаните, министерството отпочна иницијатива за поставување на фотоволтаици на централниот објект, проект чија реализација во 2023 година ќе придонесе за понатамошно генерирање на заштеди и употреба на буџетските средства за намени кои ќе обезбедат развој и раст на националната економија.

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:МЗЃВструја
Претходен напис Утре попладне се очекуваат врнежи од снег низ цела Македонија
Следен напис Времето денеска облачно и студено со врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?