Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?
Магазин

Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?

Објавено 25/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американските научници измислиле специјален спреј за храна кој може да ги испрати во заборав кесите со овошје и зеленчук за еднократна употреба. Иако сè уште се развива, користењето на спрејот би ја намалило потребата за пластична амбалажа, на безбеден и одржлив начин.

Наместо да се купува свежо овошје и зеленчук во пластична амбалажа за еднократна употреба, наскоро тие би можеле да бидат покриени со тенок проѕирен слој супстанција што може да се измие под проточна вода. Станува збор за откритие на американски научници кое би можело да го промени светот.

Ќе се намали потребата од пластика за еднократна употреба, а во корпата за компост нема да има повеќе пластика или расипана храна. Тенката проѕирна супстанција е всушност антимикробна и биоразградлива прекривка за храна во спреј што лесно се мие со вода, оставајќи ја храната непроменета додека ја штити од расипување и оштетување при транспорт.

View this post on Instagram

A post shared by Scientific American (@scientific_american)

Пластичната амбалажа е сериозен глобален проблем. Според Советот за одбрана на природните ресурси (NRDC), годишно се произведуваат околу 300 милиони тони пластика, што е речиси еднакво на тежината на целата човечка популација! Од вкупно 300 милиони тони, дури половина е пластична амбалажа за еднократна употреба. Иновативната заштитна обвивка, детално опишана во студијата објавена во списанието Nature Food, е направена од пулулан, полисахаридно влакно, за кое американската Управа за храна и лекови вели дека е „генерално признаено како безбедно“.

Спрејот го тестирале на авокадо

Истражувачите користеле авокадо за да ја тестираат обвивката, бидејќи авокадото е склоно кон нерамномерно зреење и брзо расипување. Кога дошло време да се отстрани обвивката, можела да се исплакне со вода за неколку секунди, а било откриено дека го продолжува рокот на траење на авокадото за 50 проценти.

Но сите не се убедени дека ова е безбедно решение за проблемот со загадувањето со пластика. Токсикологот Нишад Џајасундара од Универзитетот Дјук вели дека е возбуден поради какви било биоразградливи алтернативи на пластиката, но дека треба да разбереме повеќе за самиот метод на отстранување со испирање односно за прашањето дали тоа би можело да предизвика нетоксични материјали да се разградат на потенцијално штетни начини.

„Како токсиколог, мојата примарна мисла секогаш кога ќе видиме нов синтетизиран производ е: „Дали знаеме доволно за него?“. Кога првпат се размислувало за пластиката, ја сметале за прилично безбедна. Сега знаеме дека пластиката на сите нивоа, без разлика на големината, има ефекти на клеточно ниво, на молекуларно ниво и на ниво на екосистем“, изјави Џајасундара за Scientific American.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:пластикапластична амбалажаспреј за овошје и зеленчук
Претходен напис Општина Делчево доби средства за рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи
Следен напис Ампелотехнички мерки кои се применуваат кај сортата трпезно грозје АФУС АЛИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?