Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Мерките што Министерството ги креира за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи се подготвени од самите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Мерките што Министерството ги креира за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи се подготвени од самите земјоделци
Агровести

Николовски: Мерките што Министерството ги креира за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи се подготвени од самите земјоделци

Објавено 19/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оваа година откако повторно го предводам министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но и претходно, докажавме дека може поинаку и подобро да се работи

За разлика од едно претходно време субвенциите наместо селективно со подготени листи, денес се даваат еднакво на сите земјоделци кои аплицирале и ги исполнуваат условите. Министерството работи транспарентно и отворено со земјоделците, кои директно се вклучени во подготовката на сите мерки.

Па така заедно со директна вклученост на земјоделците се подготви и донесе Националниот план за производство на храна, чија цел е стабилизирање и поддршка на домашното производтво на храна. Потоа единствена земја бевме во регионот која навремено подготви Интервентна програма за поддршка на сите земјоделци во услови на криза.

Заедно со земјоделците и стручната јавност го подготвуваме и новиот модел за субвенционирање, модел кој дава решение за сите досегашни проблеми на земјоделците, побрза и навремена исплата и поголема контрола. Веќе започна и авансната исплата на субвенциите. Во декември 2022 ја реалзииравме првата авансна исплата кон овоштарите, онака како што ветивме, исплаќајќи 123,2 милиони денари кон 9.563 овоштари. Веќе од оваа 2023 година авансно ќе бидат исплатени субвенциите кон сите земјоделци.

Како држава сме лидери во регионот по искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и токму затоа Европската Комисија одлучи да го зголеми буџетот со новата ИПАРД 3 програма каде добиваме 97 милиони евра неповратна ЕУ поддршка за модернизација на земјоделството.

Го развиваме концептот на договорно производство и во тоа минатата година успеавме кај сончогледот, каде бележиме за три пати поголемо производство, а овој успех беше и главен мотив за да ја започнеме измена на моделот за субвенционирање. Благодарение на мерките за дополнителен приност и поддршка при набавка на вештачко ѓубриво бележиме зголемено производство на житни култури со добра и висока откупна цена. Досега највисока откупна цена бележиме и кај лозарите, а за прв пат тутунарите имаат година во која комплетно целиот тутун е отупен пред крајот на откупниот рок со досега највисока откупна цена од 290 денари по килограм.

Обезбедивме за 2023 година најголем буџет во земјоделството вреден 12 милијарди денари, средства со кои целосно ќе биде реализиарана најголемата реформа во земјоделството преку новиот модел за субвенционирање, средства за поддршка на малите семејни производители на храна и вино, средства за продолжување и започнување на нови капитални инвестиции во водоснабителни капацитети, зголемен буџет за пошумување и обнова на опожарените подрачја и средства за модернизација на македонското земјоделство.

Сите овие мерки и политики сме ги подготвиле заедно и во директна конултација со земјоделците, земјоделските здруженија и стучната јавност и токму затоа овие мерки го дале очекуваниот ефект.

Земјоделството е сектор каде место за политика не треба да има. Секоја добронамерна критика, сугестија или предлог е добредојден.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:николовски
Претходен напис Времето денеска облачно, релативно топло со повремени врнежи од дожд
Следен напис Зголемена трговската размена во областа на земјоделството и храната на Албанија со Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?