Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 5 природни начини да се забрза `ртењето и никнувањето на семето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > 5 природни начини да се забрза `ртењето и никнувањето на семето
Совети

5 природни начини да се забрза `ртењето и никнувањето на семето

Објавено 18/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да го забрзаме `ртењето и никнувањето на семето на зеленчукот, цвеќињата, зачинските и лековитите билки и другите растителни видови, можеме да ги потопиме во различни раствори. Тие на површината на семето ќе формираат материи што му помагаат да се активираат.

На тој начин се зголемува енергијата на `ртење, се подобрува снабдувањето со хранливи материи и метаболизмот на младите растенија. Најмногу се применува на семиња со помали димензии како што се зелка, морков, магдонос, домати, кромид и други видови. Може да се направи по дезинфекција или да се користат средства кои истовремено вршат дезинфекција во исто време и формираат хранлив и заштитен слој.

Има многу природни средства кои можеме да ги искористиме. Еве неколку од нив:

1.Медот е лесно достапен. Потребна ви е една кафена лажичка мед измешана во една чаша млака вода. Семето се потопува во оваа течност минимум 12 до максимум 24 часа.

2.Растворот од компир може да се подготви на два начина. Првиот е да се замрзнат неколку клубени, исечени на помали парчиња во замрзнувач и кога ќе се одмрзнат да се исцеди сокот. Друг начин е компирите ситно да се изрендаат, да се стават во крпа и да се исцеди сокот. Семето се чува во нив шест до осум часа, а потврдите семки и до 12 часа.

3.Земете неколку листови од алое вера и оставете ги на темно и ладно место следните две недели. Сокот од нив се цеди со рака, во стаклен сад и се разредува со вода во сооднос 1:1. Семето се кисне во растворот 24 часа. Растворот обезбедува и антибактериска заштита.

4.Пепелта од дрво делува како средство за дезинфекција, но е и одличен биостимулант. Две лажици пепел се ставаат во литар вода, убаво се мешаат и се оставаат 48 часа со повремено мешање. Потоа се цеди, а семките се киснат во растворот од три до шест часа.

5.Растворот базиран на сушени печурки се користи не само за активирање на семето, туку и за прихрана на домати, краставици, бобинки и други култивирани видови. Има цела низа позитивни својства, а подготовката е едноставна. 100 гр печурки прелијте ги со литар топла вода и оставете ги следните 24 часа. Потоа изладениот раствор се процедува и семките се натопуваат во него шест часа.

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:алое вераникнувањертењесеме
Претходен напис Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Следен напис Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?