Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквешки лозароовоштари“ бараат винариите да кажат колку и какво грозје планираат да откупат и со која шеќерност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквешки лозароовоштари“ бараат винариите да кажат колку и какво грозје планираат да откупат и со која шеќерност
Агровести

„Тиквешки лозароовоштари“ бараат винариите да кажат колку и какво грозје планираат да откупат и со која шеќерност

Објавено 17/01/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Тиквешки лозароовоштари” бараат винариите да кажат колку и какво грозје планираат да откупат и со која шеќерност. Претседателот на регионалното здружение, Дане Јошев денеска информираше дека испратиле писмо до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Министерството со неколку барања.

– Бараме заедничка средба со министерот за земјоделство и да ги повика винариите, откупувачи на винско грозје, пред празникот Свети Трифун, да кажат колку количина планираат да откупат по сорти, со која шеќерност и цена по килограм, за реколта 2023 година. Веднаш да се донесе закон со кој ќе се гарантира минималната откупна цена на грозјето и тоа по шеќерни единици, за ,,вранец” 18 шеќерни единици цена 20 ден за килограм, а за ,,смедеревка”, 16 шеќерни единици, цена од 18 ден за килограм – соопшти Јошев.

Тој нагласи дека бараат обесштетување за пролетното измрзнување на лозовите и овошните насади, кога беа зафатени реоните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, а беше прогласена елементарна непогода од мраз  во 2021 година.

– Бараме обесштетување од државата по донесената одлука од општините Кавадарци и Неготино, за елементарна непогода од суша 2021 година, на сите лозари и овоштари за претрпената штета од невремето, кога Водостопанство „Тиквеш“ не можеше да им обезбеди вода за наводнување. Обесштетување од државата за штетата предизвикана од невремето со град, што ги оштети лозовите и овошните насади во реоните Неготино и село Сопот. Исплата на редовните субвенции од хектар за оддржување на лозовите и овошните насади, да се исплатат пред празникот Св. Трифун со можност за нивно покачување, затоа што цената на сите заштитни средства и ѓубрива е значително покачена, тие да се исплаќаат календарски пред сезоната за сите култури, е напишано во барањата.

Со писмото до министерот и Министерството, се бара итно исплаќање на средствата наменети за регистриран  млад земјоделец, плус 20 отсто од редовните субвенции за 2021 и 2022 година.

– Кога имавме состанок во месец април 2022 година во општината Кавадарци, со присуство на министерот за земјоделство,  претставници на  здруженијата и градоначалниците од тиквешијата,  беше ветено, дека за 15 дена од тогаш ќе заврши постапката од Апелација и дека државата ќе ја преземе винаријата „Повардарие“ која е во стечај, за да се направи дестилерија и дека ќе нема вишок на грозје, дека ќе биде откупено во целост. Но, до денес не излезе ништо од тоа, реколта 2022 година останаа над 10 милиони килограми грозје во тиквешијата неоткупено кое скапува по нивите, а ништо не беше преземено, лозарите од тиквешијата останаа без приход и мораа да земаат кредити за да ги покријат трошоците за заштитни средства и водниот надоместок, реагираа од Здружението.

Оттаму додадоа дека им било соопштено дека ќе има историско покачување со 30 отсто на цените за грозје продадено во винарија од ланската реколта, но и тоа не се случило. Лозарите барале обесштетување за продаденото грозје по пониска цена од договорената.

– Бараме да се пуштат парични средства на Водостопанство „Тиквеш“ со кои би ги поправиле расипаните пумпни станици, да се направи каналската линија од 850 метри К1–Ваташа, што не е во функција пет години, да се донесе каналска мрежа во сушните реони во месноста Овчка Река, Смилица и месноста Брушани, бидејќи има готов проект од 2016 година. Бараме законот за осигурување на земјоделските култури да остане по старо на доброволна база, затоа што има култури што  немаат наводнување и на лоша година немаат приход, од причина што никој не би го осигурал лозјето со исушено грозје. Исто така, осигурувањето да не биде обврзувачки поврзано со редовните субвенции, е наведено во барањата.

Се бара одложување на донесениот закон за исплаќање на редовните субвенции само на оние што грозјето го даваат во винарија,  да продолжат да се исплаќаат на сите земјоделци  што одгледуваат лозови насади, без разлика дали родот го даваат во винарија или не.

– Бидејќи откупот е ограничен и винариите не можат да го соберат целото грозје. Доколку одредени лозари не склучат обврзувачки договор со винарија пред Свети Трифун, државата да ги обесштети со реален износ на парични средства, а лозарите да ги искројат лозјата на резник без родност. Бараме исплаќање на ветените плус два  денара по килограм грозје за сите вински сорти и продадено во гајба за извоз, до 30 април  2023 година, информираше Јошев, пренесе МИА. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариитегрозјеоткупаттиквешки лозароовоштаришеќерност
Претходен напис (ВИДЕО) Земјоделецот над земјата – Доволни се 45 минути тренинг за да може да се управува со овој мега дрон за надгледување на посевите
Следен напис (Фото) Повеќевековна француска винарија го пренасочи својот бизнис во целосно одржлив правец – Целта им е да создадат не само одржливо вино, туку и еколошка винарија богата со технолошки иновации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?