Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обилниот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките и маслодајните растенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Обилниот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките и маслодајните растенија
Пазари

Обилниот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките и маслодајните растенија

Објавено 16/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жетвата на житарките на јужната хемисфера е во полн ек. Од Австралија доаѓаат вести дека станува збор за рекордни приноси, особено за пченицата. Во првата недела од јануари биле ожнеани околу 80 отсто од површините под житарки, а се очекува род од околу 42 милиони тони, пишува Agrarheute. Сето тоа создава притисок врз ограничената логистика, но и врз цените.

Така, крајот на неделата донесе пад на цените на парискиот MATIF. Цената на пченицата падна за 1,79 евра/т на 291,25 евра/т.

За пченката изнесуваше 284 евра/т, додека за маслодајната репка стигна до 569 евра/т.

Извештајот на USDA за прогнозата на житарките го поддржа зголемувањето на цените, но имаше доволно информации за да ја поткопа силата на тие проценки. На американската берза CBoT анализите покажале слаб раст и достигнале 251,49 евра/тон за пченицата. Кај пченката цената е зголемена за 2,48 отсто и изнесува 243,43 евра/т.

Причината за тоа е пониската проценка на реколтата и зголемениот увоз од Бразил и Украина. За тон соја требало да се издвојат 517,88 евра. Најголем пораст има цената на овесот, која е зголемена за 3,44 отсто и изнесува 229,35 евра/т.

Залихите на пченица во САД се проценети на помалку од очекуваното, односно на 34,8 милиони тони. Но, земјоделците посеале повеќе зимска пченица, 14,95 милиони хектари, што е 1,5 милиони хектари повеќе од претходната сезона. Проценките за жетвата во Русија зборуваат за количина која надминува 100 милиони тони. Прогнозите за Европската Унија и Украина исто така се зголемени, додека за Аргентина се намалени на 12,5 милиони тони, која беше погодена од сушата.

Глобалната проценка на залихите за сезоната 2022/2023 е 268,4 милиони тони, што е за 1,1 милион тони повеќе од претходните проценки.

Во Австралија се појавиле логистички проблеми поради обилниот род на пченицата. Со посилно инвестирање сакаат да овозможат поголем извозен потенцијал, кој достигна 26 милиони тони во маркетиншката 2021/22 година од вкупно ожнеани 50 милиони тони.

И во Бразил имаат проблеми со голем род, но на соја. Бразил е најголемиот светски извозник на соја. На домашниот пазар годишно обично се трошат од 45 до 50 милиони тони, а речиси се останато се извезува.

„Не сум сигурен дека на светот му се потребни 100 милиони тони соја од Бразил“, вели Кори Мелби од тамошна консултантска фирма. Во исто време, цените на производствените трошоци се зголемија и се очекува да продолжат да растат.

Областите под соја достигнаа највисока бројка досега. Засеани се 43,3 милиони хектари. Во декември, локалната земјоделска администрација CONAB ја процени жетвата, која штотуку започна, на 153,47 милиони тони. Ова доведе до пад на цените и намалување на еуфоријата за приносите. Претходно се очекуваше тие да останат високо на светскиот и на домашниот пазар.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Таг:австраијабразилпченицапченкасоја
Претходен напис Времето денеска облачно со слаб ветер, се очекува дожд кон крајот на денот
Следен напис Утрово минусни температури низ цела Македонија, над нулата само во Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?