Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба новата веб-платформа „E-земјоделство“ за полесен пристап на земјоделците до пазарниот информативен систем и тековните агрометеоролошки податоци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштена во употреба новата веб-платформа „E-земјоделство“ за полесен пристап на земјоделците до пазарниот информативен систем и тековните агрометеоролошки податоци
Агровести

Пуштена во употреба новата веб-платформа „E-земјоделство“ за полесен пристап на земјоделците до пазарниот информативен систем и тековните агрометеоролошки податоци

Објавено 13/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел попродуктивно и одржливо земјоделство, континуирано работиме на надградба и подобрување на информациските системи во земјоделството преку креирање на нови дигитални мерки, информираше министерот Љупчо Николовски.

Во таа насока се вклучува и изработката на агрометео веб-страницата и новата веб-платформа „E-земјоделство“ (http://e-zemjodelstvo.mk/ ), изготвени со техничка поддршка од Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO).

Новата веб платформа „E-земјоделство“ овозможува полесен пристап до постојните дигитални системи како Земјоделскиот пазарен информативен систем и тековни агрометеоролошки податоци.
Платформата воедно вклучува и новитети, како Национална база на просторни податоци преку глобалната Earth Map (www.earthmap.org) платформа (https://northmacedonia.earthmap.org/), а Северна Македонија е првата земја во светот која, со поддршка на ФАО, доби свој поддомен за просторни податоци кои подобро ќе ги информираат националните земјоделски политики, во насока на адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално и национално ниво.


Преку aлатката Earth Map достапна и во сегментот „Карти“ на платформата Е-земјоделство, сите институтиции, земјоделци, научната и пошироката јавност имаат пристап до национални и меѓународни агро-еколошки просторни податоци за државата.
Дополнително, нешто што е многу значајно е дека во рамки на новата платформа „Е-земјоделство” им овозможуваме на земјоделците да водат евиденција на инпути (трошоци) и приходи за сопственото земјоделско стопанство преку алатката „Фарма”.

Преку оваа алатка секој производител има можност бесплатно да го подобри управувањето со сопственото земјоделско стопанство. Покрај евиденција, алатката нуди и можност за генерирање на автоматски извештаи за планирање на профитабилноста на различни земјоделски производи, со цел да се зголеми продуктивноста и да се намали употребата на производни материјали кои ја загадуваат животната средина.

Дополнително преку оваа платформа земјоделците кои ќе бидат најавени имаат можност да извршат пресметка на цените, но и да споделат информација за најава од временски непогоди или болести во определен регион.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:е земјоделство
Претходен напис Одземено бесправно исечено огревно дрво
Следен напис Одгледување на аронија – бобинка полна со здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?