Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година
Рурален Развој

Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година

Објавено 13/01/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по денешната промоција на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија.

На првиот ден на манифестацијата, денеска, биле промовирани македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна во организација на АППТ и ТУИ- Холандија.

– Потврдени се чартери за средината на мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ – Холандија за 2023 година се приближно 15.000 туристи, што претставува најголема бројка досега, стои во информацијата фејсбук профилот на АППТ .

Интересот за македонскиот туристички пазар, според Агенцијата, е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа.

На презентацијата покрај големиот број туроператори присуствувала и в.д амбасадорката на Македонија во Холандија, Бети Јачева, како и хотелиери и туроепратори од Охрид

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:холандија
Претходен напис Водостопанската подружница „Брегалница“ ги почна подготвките за новата сезона за наводнување
Следен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, минус седум, во Гевгелија плус шест
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?