Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево потпишан Договорот за рехабилитација на земјоделскиот пат во Долни Бавчи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Во Делчево потпишан Договорот за рехабилитација на земјоделскиот пат во Долни Бавчи
Рурален Развој

Во Делчево потпишан Договорот за рехабилитација на земјоделскиот пат во Долни Бавчи

Објавено 10/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, директорката на Центарот за развој на ИПР,  Зујица Ангелова и претставничка од изведувачот на работите СД-ТРАНС, денеска го потпишаа Договорот за рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Долни Бавчи во Делчево.

Рехабилитацијата на земјоделскиот пат во Долни Бавчи се реализира преку Центарот за развој на ИПР во рамките на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во ИПР“ на МЗШВ, при што во Делчево ќе се рехабилитира земјоделскиот пат во должина  кој води од мостот на улица „Индустриска“ покрај реката Брегалница во месноста Долни Бавчи во должина од 1000 метри.

Вредноста на Договорот за изградба на овој земјоделски пат како што информираа од Општината е околу 1,2 милиони денари. Оттаму додадоа дека работите на терен треба да започнат со подобрување на временските услови, а согласно Договорот, треба да завршат до средината на месец април оваа година.

Градоначалникот Трајковски нагласи дека со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со пристапот до земјоделските површини и индивидуалните земјоделски стопанства во месноста Долни Бавчи во Делчево и се решава уште еден проблем на земјоделците.

–Земјоделците кои имаат земјоделски површини и објекти во месноста Долни Бавчи, за прв пат добиваат соодветна патна инфраструктура. Тоа значи, полесен пристап до земјоделските површини или до нивните индивидуални земјоделски стопанства. При поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен. Како Општина го слушаме гласот и потребите на граѓаните и со еден сериозен пристап, бараме трајно решавање на проблемите, истакна Трајковски.

Минатата година беше завршена рехабилитацијата на земјоделскиот пат с. Вирче-с. Град во должина од 1.320 метри, исто така, со поддршка на Центарот за развој на ИПР, а во атарот на Општина Делчево, наредниот период се планира и рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи.

Може да ви се допадне

Во Делчево бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:делчевоДолни Бавчирехабилитација
Претходен напис Сурова – Прославување на Стара нова година во делчевското село Ѕвегор
Следен напис Русија забележа рекордна жетва на пченица од 105 милиони тони и го надмина извозот од 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?