Бродот MV Glory, кој како што пренесува Генералниот координативен центар во Истанбул превезувал 65.000 тони пченка од Украина за Кина, се насукал утрово во близина на египетскиот град Кантара, пренесува агенцијата Leth, обезедувач на поморски услуги на каналот.
Сателитските податоци анализирани од американски медиуми покажаа дека бродот е заглавен во Суецкиот канал јужно од Порт Саид.
Помошни бродови се обидуваат да го извлечат и рестартираат товарниот брод. Според податоците од сателитот на поморскиот сообраќај, инцидентот се случил на еднонасочниот дел на Суецкиот канал, јужно од Порт Саид во Средоземното Море.

