Повеќе од 16 милиони тони земјоделски производи се извезени од Украина според Договорот за храна, изјави турскиот претседател Таип Ердоган.
Договорот за житарки, кој беше потпишан на 22 јули од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучува извоз на украински житарки, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучително и Одеса. Договорот истече на 18 ноември, но вклучуваше автоматско продолжување за 120 дена во отсуство на приговори од страните.
Самиот договор е составен дел од пакет-договорот, кој, меѓу другото, предвидува деблокирање на рускиот извоз на храна и ѓубрива. Москва најави дека токму тоа не е исполнето. Во исто време, имаше уверување од ОН дека ограничувањата ќе бидат укинати.
– Благодарение на коридорот што го отворивме, повеќе од 16 милиони тони житарки ги напуштија пристаништата во Украина и стигнаа до целиот свет – напиша Ердоган на Твитер.
