Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Северна Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК бр. 03/2022
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2022 година
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој повик е доделување на финансиска поддршка за потточките од следните мерки:


II. КОРИСНИЦИ
Право на користење на средства имаат следните субјекти, и тоа за потточките:

III.ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените
средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за
2022 година (Сл.Весник бр. 37/22 и 274/22).
За Мерка 2.1, финансиката поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции
од страна на корисникот во висина на 50% од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката
на ко-финансирање се зголемува до 55%, 60% и 65% во случаите кога:
- 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18
години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделското
стопанство; - 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридскопланинско рурално подрачје;
- 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18
години старост до 40 години старост на денот на поденсување или жена носител на земјоделското стопанство кое се
наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата за секоја пооделна потточка се доставуваат во оргинален примерок.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени во Програмата за финснсиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2022 година (Сл.Весник бр. 37/22 и 274/22).
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно
Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултуратаза 2022 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Обрасците ,,Барање за користење на средства” (Образец ПРА –А1) со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот Рибарство и аквакултура 2022.
Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата на адреса секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Бул.,,3-та Македонска Бригада” бр.20 (зграда на македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје
VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за финансиска поддршка и исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 03/2022 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да
се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 31.01.2023 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и на
веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на проекти и Сектор
за одобрување на исплата.
Телефон: 02/3097-460, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.
Е-пошта:[email protected]
