Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се најголемите производители на пченица во 2022 година?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Кои се најголемите производители на пченица во 2022 година?
Пазари

Кои се најголемите производители на пченица во 2022 година?

Објавено 03/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обработливите површини посеани со пченица оваа година надминаа 220 милиони хектари ширум светот, пишува UkrAgroConsult. Неколку развиени региони се одговорни за 50 отсто од вкупното светско производство на пченица и 53 отсто од вкупната ожнеана површина.

Околу 70 отсто од глобалното производство на оваа култура се користи за храна, 20 отсто за сточарство и два до три отсто во индустрискиот сектор. Побарувачката за оваа житарка се зголемува како што расте популацијата. Големината на пазарот во 2021 година е проценета на 127,7 милијарди долари и се предвидува да достигне 169,1 милијарди долари до 2027 година.

Зголемената потрошувачка и зголемената побарувачка од преработувачката индустрија за производи како што се брашно, тестенини и пијалаци се очекува да го поттикнат пазарот во наредните години. Тој раст може да биде забавен од фактори како што се зголемената свест за алергиите и чувствителноста на глутен и неизвесните временски прилики.

Петте најголеми производители на пченица во 2022 година, според Indexmundi, кои ги обезбедува Министерството за земјоделство на САД, се:

  1. На прво место е Кина со производство од 138 милиони метрички тони. Заедно со оризот и пченката, таа сочинува 90 отсто од вкупните прехранбени производи во најнаселената земја во светот со население кое надминува 1,4 милијарди.
  2. Европската Унија е рангирана на второ место со производство од 134,7 милиони метрички тони. Ова е вкупното производство за сите 27 членки.
  3. Со 103 милиони метрички тони, Индија е на трето место. Таа е меѓу петте најголеми производители на пченица, ориз, шеќерна трска, кикирики, зеленчук, памук и овошје. Таа е меѓу најголемите светски производители на млеко, јута и мешунки.
  4. Русија има најголема површина од 17.098.242 km², а на голем дел се произведуваат житарки. Нејзиното производство се проценува на 91 милион метрички тони пченица, од кои ќе извезе 43,7 милиони тони.
  5. САД имаат годишно производство од 44,9 милиони метрички тони. Вредноста на извозот на пченица во октомври 2022 година падна на 771 милион долари од 1.024 милиони долари во септември 2022 година.

Потоа следат Канада (35 метрички тони), Австралија (33 метрички тони), Пакистан 26,4 метрички тони), Украина (20,5 метрички тони), Аргентина 17,5 метрички тони), Турција (17,25 метрички тони), Обединетото Кралство (14,6 метрички тони), Иран (13,2 метрички тони), Казахстан (13 метрички тони), Египет (9,8 метрички тони), Бразил 9,2 метрички тони), Узбекистан (6,6 метрички тони), Етиопија (5,7 метрички тони), Авганистан (4,5 метрички тони), Алжир (3,7 метрички тони).

*(Во САД се користи називот „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона. Метричката тона се зема како маса од 1000 килограми)

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:пченица
Претходен напис За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир, дали е правилно пчелите да се прихрануваат во овој период?
Следен напис Нова храна за живината – Протеините од тревата ја заменуваат сојата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?