Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР со нов јавен повик за дигитална трансформација на претпријатијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ФИТР со нов јавен повик за дигитална трансформација на претпријатијата
Јавни огласи и повици

ФИТР со нов јавен повик за дигитална трансформација на претпријатијата

Објавено 30/12/2022
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој го објави новиот јавен повик „Со дигитална трансформација до иновација” кој се реализира во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ.

Повикот, како што е наведено во соопштението од ФИТР, е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор, со цел да се овозможи зголемување на иновативноства и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Истовремено, предизвикот има за цел да овозможи зајакнување на капацитетите на дигиталните иновациски хабови како дел од екосистемот неопходен за понатамошна дигитална трансформација.

-Малите и средните претпријатија особено се соочени со предизвиците во делот на дигиталната трансформација, поради ограничените финансиски можности, но и поради потребното знаење за да имплементираат нови дигитални процеси. Сметам дека од суштинско значење е процесот на дигитализација и стратешки чекор кој мора го преземат претпријатијата за да станат конкурентни на пазарот, да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и пристапот до странски пазари. Во таа насока заедно со нашите партнери ИМЕ и ИНОФЕИТ ДИХ го креиравме предизвикот, со цел да им излеземе во пресрет на претпријатијата, да го подготват својот бизнис за разни непредвидени предизвици, да реализираат целосна дигитална трансформација и многу побрзо да се развијат во глобално присутни брендови, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили додаде дека преку поддршката за дигитална трансформација преку предизвикот, претпријатијата можат да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење, да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси, да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем, да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена …

Вкупниот буџет на предизвикот изнесува 18.450.000 денари, од кои 12.300.000 денари обезбедува Фондот, а остатокот го обезбедува ИМЕ. Фондот обезбедува финансирање до 70 отсто од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатие, односно до 50 отсто вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

-Иако пандемијата и енергетската криза ја поттикнаа потребата за дигитализација, сепак, соочувајќи се со огромни предизвици, многу од компаниите во агрибизнисот и туризмот доцнат во поглед на степенот на дигитална зрелост и користење на дигитални алатки во нивното работење. Овој повик преставува продолжување на досегашната успешна соработка на Швајцарската програма ИМЕ со Фондот за иновации и технолошки развој и е одлична можност да се поттикнат компаниите од овие сектори да инвестираат во дигитални решенија, со цел да обезбедат оптимизација на трошоците, дигитално водење и следење на процесите, подобрена продуктивност и конкурентност, и полесен пристап до пазарите, изјави Горан Дамовски, директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Според него, за ефикасна дигитална трансформација од клучно значење е да се воспостави силна соработка и споделување на знаење меѓу приватниот сектор (ИКТ и не-ИКТ секторот), дигиталните хабови и академијата. – Воедно повикот претставува иницирање на активностите од нацрт стратегијата за паметна специјализација која пак овозможува поврзување на ИКТ секторот со дел од приоритетните домени на паметната специјализација, додаде Дамовски.

Во соопштението се наведува дека на овој предизвик се поттикнуваат претпријатијата да достават предлог проекти за развој, имплементација и одржување на дигитални решенија кои преку дигитална трансформација ќе доведат до развој на иновативни производи, процеси и услуги кај претпријатијата. Избраните проекти ќе бидат презентирани и достапни за млади на возраст од 15 до 25 години, преку најмалку една бесплатна обука организирана од страна на добитникот на финансиска поддршка. Дигиталните решенија можат да бидат базирани на вештачка интелигенција, виртуелна реалност, автоматизација, роботика, интернет на нешта, веб базирани решенија и други решенија.

-Соработката со Дигитален иновациски хаб (ДИХ) е од суштинско значење за процесот на дигитална трансформација во општеството. ИНОФЕИТ, како единствен европски сертифициран и целосно оперативен ДИХ во државата, ги става на располагање своите ресурси во овој повик за валидација на степенот на имплементација на дигиталните технологии кои можат да го зголемат степенот на дигитална зрелост кај апликантите и, се разбира, да овозможат нивна поголема конкурентност на пазарот, истакна проф. д-р Владимир Атанасовски, управител на ИНОФЕИТ ДИХ.

Активностите на ИНОФЕИТ ДИХ, како што нагласи Атанасовски, се подолго време поддржани од страна на партнерите ФИТР и ИМЕ и овој повик е продолжување на заедничката иницијатива за зголемување на искористеноста на дигиталните технологии од страна на малите и средни претпријатија кај нас и зајакнување на соработката помеѓу бизнисите и академијата. – ИНОФЕИТ ДИХ, со својот препознаен европски статус и мрежа од контакти, може да помогне и во понатамошен раст и соработка на апликантите со различни регионални и меѓународни партнери, додаде Атанасовски.

Критериумите кои треба да ги исполни апликантот се: да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, годишните приходи на натпреварувачот да не надминуваат 10.000.000 евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години, просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени и итн. На овој предизвик, особено се охрабруваат да аплицираат претпријатија во сопственост или управувани од жени или млади лица до 29 години.

Во однос на активностите на предлог проектот, како што е наведено во соопштението,треба да вклучуваат: активности за истражување и развој, воведување и тестирање на нов производ, услуга, или процес како резултат на дигиталната трансформација кај натпреварувачот и итн. Сите пристигнати предлог проекти се оценуваат од страна на Комисија за оценување и избор која се состои од пет членови и тоа: тројца членови – надворешни експерти од областа на предизвикот и по еден член – претставник на партнерската организација и Фондот. Како критериуми врз основа на кои ќе се врши оценувањето се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал на пазарот и влијание.

Сите заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 20 март 2023 година, до 14:00 часот. Повеќе информации во врска со јавниот повикот можат да се добијат на следниот линк: https://fitr.mk/digitalna-transformacija/ 

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:ИМЕИНОФЕИТ ДИХФИТР
Претходен напис Денеска времето ќе е променливо облачно со магла по котлините
Следен напис Николовски: Годинава преку транспарентна постапка на располагање ставивме 14.000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?