Според податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Eurostat), во 2021 година во Европската Унија се произведени 17,6 милијарди литри вино.
Водечки производители се Шпанија, чие вино сочинува дури 29 отсто од вкупното производство во ЕУ, потоа Италија (28 отсто) и Франција (20 отсто). Следат Германија со седум отсто и Унгарија со два отсто.
🍷🍷🍇17.6 billion litres of wine were produced in the EU in 2021.
Top producers:
🇪🇸 Spain (29% of the total EU production)
🇮🇹 Italy (28%)
🇫🇷 France (20%)
🇩🇪 Germany (7%)
🇵🇹 Portugal (4%)
🇭🇺 Hungary (2%)
👉https://t.co/mt4yKbe0TM pic.twitter.com/FpofLRQURT
— EU_Eurostat (@EU_Eurostat) December 26, 2022
Најголемо вкупно производство на шампањско минатата година имала Германија (речиси 220 милиони литри), потоа Италија со произведени повеќе од 212 милиони литри и Белгија со близу 190 милиони литри. Во сите три земји, производството на шампањско се намалило во 2020 година, но е подобро отколку во 2019 година.
Кога станува збор за пенливото вино направено од свежо грозје (без шампањското), Германија исто така се најде на врвот на листата со производство од повеќе од 240 милиони литри, а потоа следат Белгија со речиси 170 милиони литри и Шведска со 98,7 милиони литри произведено пенливо вино.

Германија е исто така лидер во вкупното производство на вермут во ЕУ во 2021 година со нешто повеќе од 69 милиони произведени литри. Следува Шпанија со 55,1 милион и Полска со 41,3 милиони произведени литри вермут.
