Росоманци од денеска добиваат надомест за штети од временски непогоди во 2016 година. За ова вчера попладнето информираше градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.
– Врз основа на одлука на Влада на РСМ бр.41-7523/1 од 30 август 2022 година исплатени се 7.015.140,00 денари, останатите 50 отсто од вкупно одобрените средства за надомест на штета, за временските непогоди во 2016 година, појасни градоначалникот.
Тој додаде дека средствата ќе бидат на располагање во текот на денешниот ден. Станува збор за обесштетување за штети кај различни земјоделски култури, но најмногу кај овоштарници со дрвца праски.
Росоманци од денеска добиваат надомест за штети од временски непогоди во 2016 година
Остави коментар
Остави коментар
