Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Купувај локално“ – фестивал за вмрежување и промоција на локални производи и изработки во Охрид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > „Купувај локално“ – фестивал за вмрежување и промоција на локални производи и изработки во Охрид
Саеми и манифестации

„Купувај локално“ – фестивал за вмрежување и промоција на локални производи и изработки во Охрид

Објавено 22/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Триесеттина локални производители на храна и рачни изработки денеска ги презентираа своите производи во холот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид на Фестивалот на локални производи „Купувај локално“. Организатори на настанот се Општина Охрид и Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и угостителство, а целта е вмрежување на локалните производители меѓусебе, со хотелиерите и со студентите.

Професорката Ангела Паскуале посочи дека со овој проект сакаат да ја издигнат свеста кај локалното население да ја почитува локалната храна.

– Тоа е единствениот начин да го зајакнеме нашиот регион и да го одржиме, зачуваме и презентираме нашиот идентитет. Целта на настанот е вмрежување на локалните производители меѓу себе за да можат да ги разменуваат своите производи, вмрежување на локалните производители со хотелиерите, но и со студентите, истакна Паскуале. Забележа дека има ресторани, кои имаат одредено производство, но немаат производство на сирење, преку вмрежување со производителите може некој што произведува локално сирење да го даде во ресторанот и сите производи што ги нуди да бидат со локално потекло.

– Со фестивалот на локални производи сакавме на едно место во исто време да ги собереме сите и да покажеме дека Охрид има што да покаже, но дека нивното вмрежување е слабо и тоа треба да го зајакнеме. Се надевам дека ќе прерасне во Божиќен саем или Фестивал, кој ќе се одржува традиционално пред Нова година, како во многу туристички места и ќе биде атракција за туристите да пробаат и купат локални производи, изјави Паскуале. Деканот на Факултетото за туризам од Охрид Снежана Дичевска смета дека е неопходно јакнење на свеста за значењето и придобивките од купување локални производи.

– Придобивките се огромни. Се поттикнува економскиот развој се влијае врз намалување на невработеноста, се иницира само вработување и вработување на членови од семејството. Но, секторот на мали бизниси нема премногу финансиски средства на располагање да вложат во пропагандна кампања, па ова е одлична можност за нивна промоција, истакна Дичевска.

Градоначалникот Кирил Пецаков, фестивалот „Купувај локално“ го гледа како уште еден настан, кој ќе прерасне во традиција и во иднина ќе привлекува туристи, а Охрид ќе го промовира како туристичка дестинација, која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион.

– Се надевам дека овој настан ќе добие традиционален карактер и дека значително ќе допринесе во промоцијата на традиционалната храна и домашните производители, затоа што се она што е домашно – наше е највкусно и најубаво, рече Пецаков. Факултетот за туризам и угостителство, нагласи, покажува вистинска иновативност со организација на вакви настани и ја поттикнува креативноста кај студентите.

– Преку ова случување се едуцираат и поттикнуваат граѓаните да се определат за купување и јадење локална храна, која се произведува на традиционален начин што е многу поздрава од се друго што се нуди на пазарот. На овој начин се промовираат приказните на локаолните производители, кои и тоа како имаат што да кажат и пренесат, истакна градоначалникот. Според Игор Пешевски од студентското собрание на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, многу е тешко да ги натераат производителите да дојдат да се претстават, бидејќи немаат доволно работна сила и треба да ги затворат своите работилници и дуќани за да можат да излезат.

– Апелирам до сите да работите со вашите производители, да купувате локални продукти од нив, а не увозни и да си помогнеме еден на друг да опстане нашата македонска традиција, порача Пешевски. Меѓу изложувачите беше и 82-годишната Љубица Лешоска од Вевчани, која изработува везени и плетени фолклорни ракотворби, но тажна е што никој од нејзиното семејство не го наследил занаетот.

– Рачни ракотворби изработувам од мала. Почнав со плетење, па со ткаење и до денеска ткаам. Многу ми е тешко што нема занаетот кој да го наследи. Децата и внуците не се интересираа да научат, вели Лешоска нагласувајќи дека интерес за нејзините изработки има.

На фестивалот „Купувај локално“ презентирани се охридски специјалитети: комат, ѓомлезе, леб под сач, макала, намази, домашни вино и ракија, филигрански изработки, ткаени, плетени и везени ракотворби. Во рамките на проектот изработени се и гифт боксови од локални производи, кои можат да бидат одличен новогодишен подарок.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:купувај локално
Претходен напис Се очекува раст на пазарот на храна до 2027 година
Следен напис Охриѓанец незаконски ловел риба со мрежа, полицијата одзела 120 парчиња плашица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?