Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Тутунопроизводителите од Студеничани задоволни од проценката: Ова не било никогаш, ако е вака и следната година, ќе садиме повеќе тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > (ВИДЕО) Тутунопроизводителите од Студеничани задоволни од проценката: Ова не било никогаш, ако е вака и следната година, ќе садиме повеќе тутун
Пазари

(ВИДЕО) Тутунопроизводителите од Студеничани задоволни од проценката: Ова не било никогаш, ако е вака и следната година, ќе садиме повеќе тутун

Објавено 22/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутун од реколтата 2022 година е при крај. Во откупниот пункт во скопско Студеничани тутунопроизводителите се задоволни од просечната откупна цена која годинава изнесува 285,9 денари. Исто така, како што велат, задоволни се и од висината на родот и од проценката – годинава поголемиот дел од тутунот се откупува во прва класа.

„Произведов осум тона тутун годинава. Во споредба со другите години, оваа година е добра, не е лош откупот, на почеток малку беше послабо, а потоа го проценуваа како прва класа и тука е ќарот на земјоделците“, рече за Агротим тутунопроизводител.

Мислењето на производителите на тутун е единствено – дека ваква година досега немало. Причините според нив се во намалената количина оваа година, но велат дека ако продолжи вака да се плаќа тутунот, следната година ќе насадат поголеми површини со тутун. Исто така реагираат и на поскапените репроматеријали, особено ѓубривото и нафтата.

„Оваа година сме задоволни со тутунот, со проценката сме задоволни. Значи, ова не било никогаш. Младите не сакаат многу да го работат тутунот поради проценките од претходните години. И оваа година мислевме дека ќе биде така, ама се оправија работите. Другата година, ако е вака, ќе садиме повеќе тутун.“, изјави за Агротим задоволен производител на тутун.

Досега, најголемиот дел од откупениот тутун, се проценува во прва класа.

„Најголем дел од откупот е завршен и се очекува да биде готов до крајот на годината. Најголемиот дел од откупениот тутун, односно околу 14.000 тони се прва класа. За прва класа на тутун, државата има подготвено 80 денари субвенција по килограм. Задоволството на тутунарите е очигледно, никогаш ваква цена на тутунот не е постигната досега“, изјави министерот Николовски.

За потсетување, цените за откуп на тутунот годинава изнесуваат 300 денари за килограм тутун од прва класа, 240 за килограм од втора и 180 за килограм тутун од трета класа. Дополнително државата ќе им исплати и субвенции од 80 денари за килограм тутун од прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за килограм продаден тутун од трета класа.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:тиутунопроизводители
Претходен напис Ковачевски и Николовски во „Бучен Козјак“: Со владините антикризни мерки го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме услови за напредок на домашните компании
Следен напис Времето денеска студено, со појава на магла и умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?