Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протестираа одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протестираа одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа
Агровести

Протестираа одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа

Објавено 16/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите од кумановското село Тромеѓа, денеска еден час го блокираа регионалниот пат Куманово-Свети Николе, помеѓу населбите „Перо Чичо“ и „Иго Тричковиќ“ барајќи да не се уништуваат нивните здрави свињи, пренесе МИА.

Агенцијата за храна и ветеринарство претходно потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште во село Тромеѓа.

– Не смее да се уништи здравиот сточен фонд. Сметаме дека малиот сточар не смее да се уништи на сметка на големи корпорации. Во селото освен во едното одгедувалиште, во сите останати свињите се здрави. Поминати е повеќе од месец дена и досега ниту едно животно не покажа симптои, изјави Владан Станојковски, заменик претседател на месна заедница село Тромеѓа.

Сточарите протестираат од 6 декември годинава, прво го блокираа влезот на селото, а подоцна се префлрија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на клучката помеѓу двете населби.

Сточарите велат дека околу нивното село нема шума и нема контакти со диви свињи. Стравуваат дека по уништувањето на свињите во Кумановско ќе се зголеми цената на свинско месо и дека ќе се дозволи увоз. Во Тромеѓа, според податоци на производителите има регистрирано помалку од 1.000 свињи.

И за утре е најавен протест со почеток од 9 часот на истата локација кај клучка помеѓу населбите „Перо Чичо“ и „Иго Тричковиќ“ на регионалниот пат Куманово- Свети Николе.

Претходно, во кумановско протестираа одгледувачите од реонот на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село. Прв случај на африканска чума во кумановскиот регион беше регистриран на почетокот од октомври, годинава.Претходно и АХВ потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума во одгледувалиште во Тромеѓа. Од АХВ нагласија дека има контролни и заштитни мерки во овој регион кои важат при појава на африканска чума.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:протеститромеѓа
Претходен напис Вкупниот доток на вода од Радика и Црн Дрим во Дебарско Езеро зголемен за 300 отсто
Следен напис Бачовски: Исплатена финансиската поддршката за млекопроизводителите од Интервентен фонд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?