Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Тутунот достигна рекордна просечна цена од 285 денари за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > МЗШВ: Тутунот достигна рекордна просечна цена од 285 денари за килограм
Пазари

МЗШВ: Тутунот достигна рекордна просечна цена од 285 денари за килограм

Објавено 15/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија, велат од МЗШВ.

За годинешната реколта откуп вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови со 223 ваги и 216 мостри тутун. До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно произведени 25.850 тони. Според информациите од ДИЗ, се очекува откупот да биде целосно завршен пред Нова Година, со што за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници.

Аналогно на рекордно високата откупна цена која заборува за квалитетен тутун од годинешната реколта, тоа значи дека и субвенциите по класи ќе бидат најголеми до сега.

Склучени се вкупно 29.653 договори за производство и откуп на тутун што претставува зголемување од 7 % во однос на реколта 2021 година. Зголемување имаме и на површините со тутун за 14% повеќе споредено со лани.

Производството и трговијата на тутун и тутунски производи има големо економско и социјално значење со учество од 3,8% во бруто домашниот производ. Тутунот е застапен со високи 80% од вкупната површината под индустриски култури и претставува еден од најзначајните извезувани земјоделски производи со 18% учество во домашниот извоз.

Според тутунските компании земјава има најквалитетен тутун во регионот. Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува над 20 илјади семејства.

Субвенциите не се единствениот начин на поддршка, туку и другите мерки на министерството. Оваа година за прв пат се доделени договори на 29 корисници за набавка на модерна опрема за тутун, преку Програмата за рурален развој, Подмерка 121.7 „Набавка на опрема за производство на тутун“, со финасиска поддршка по корисник која изнесува 4.5 милиони денари. Ова е уште еден податок за нашиот сериозен пристап кон производството на тутун, имаме за прв пат реализација на подмерката насочена токму кон тутунопроизводителите. Со новата рурална програма, имаме нови можности за тутунопроизводителите кои ќе можат да аплицираат за новата мерка за бизнис план, која ќе стартува од 2023 година. Со оваа мерка предвивена е финансиска поддршка до 10.000 евра по корисник. Тутунопроизводителите имаат доволно време да направат бизнис план и со поддршка на државата да набават нови машини за садење и нижење на тутунот, како и нови сушари или друга опрема која ќе им го олесни производството.

Може да ви се допадне

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
АФПЗРР: Соопштение за исплатените субвенции за тутун
Премиерот најави исплата на субвенциите и раст на производството на тутун
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:тутун
Претходен напис Подготовка на чварки и топење маст – Дали да се додава млеко или не?
Следен напис Економската состојба во преработувачката индустрија во ноември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?