Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стомнароски: Досега не се случило тутунот да се откупи во еден месец, досега се преземени околу 80 отсто од родот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Стомнароски: Досега не се случило тутунот да се откупи во еден месец, досега се преземени околу 80 отсто од родот
Пазари

Стомнароски: Досега не се случило тутунот да се откупи во еден месец, досега се преземени околу 80 отсто од родот

Објавено 14/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси 80 отсто е откупен тутунот од годинашнава реколта и се потврдуваат најавите дека откупот ќе заврши до крајов на месецот.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија вели дека не се памети досега за еден месец да се преземе родот. Има голема побарувачка, а помалку тутун.

– Не паметам, ниту пак повозрасните, дека некогаш се случило тутунот да се откупи за еден месец. Утре, 15 декември е официјалниот старт на кампањата, а веќе 80 насто од родот е купен. Сите откупувачи побрзаа да почнат во почетниот, „предвремен“ рок, 15 ноември. Се потврди она што цело време го говоревме дека малку има тутун годинава, а побарувачката е голема. И е квалитетен. Откупени се над 15.000 тони, а реколтата има неполни 20.000 тони. Нема никаков проблем со откупот, дури, главно, се проценува прва класа, по 300 денари за килограм, изјави Стомнароски за МИА.

Тутунопроизводителот Љупчо Талески од Прилеп има род од еден и пол тон, дел донесол на откупниот пункт, а друг дел е за утре. Задоволен е од проценката.

– Тоа што го донесов на вага ми помина прва класа, по 300 денари. Така прават цела недела откупувачите. Очигледно им треба тутунот, а и квалитетен е. Немам забелешки на процената, но друго прашање е цената по класи која треба да биде реална за да го одржи тутунопроизводството. Ние ќе садиме тутун и наредните години, ама младите не се заинтересирани, вели Талески.

Стомнароски потврдува дека треба да се постигне реална цена за исплатливоста на сите трошоци во производството, за тутунот да остане рентабилен.

– Токму затоа, веднаш по завршувањето на откупот ќе седнеме на преговори со компаниите за наредната реколта, зашто реалната цена ќе го направи одржливо и рентабилно производството за тутунот да остане на нивите. Ако им се исплаќа, и младите генерации ќе го произведуваат, вели Стомнароски.

Тутунот се купува на преку 180 пункта во државава. Од земјоделскиот инспекторат велат дека досега се преземени 15.500 тони тутун, а реколтата ја проценуваат на 21.000 тони. Просечната цена е 285 денари за килограм. Според цената, ќе бидат повисоки и субвенциите.

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Таг:стомнароски
Претходен напис ЕУ ја зголемува контролата за лимоните и грејпфрутот од Турција поради контаминација со пестициди
Следен напис Откупот на тутунот оди брзо, околу 80 проценти е прва класа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?