Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Петтиот столб од земјоделскиот буџет за 2023 е носител на модернизацијата на земјоделскиот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Петтиот столб од земјоделскиот буџет за 2023 е носител на модернизацијата на земјоделскиот сектор
Агровести

МЗШВ: Петтиот столб од земјоделскиот буџет за 2023 е носител на модернизацијата на земјоделскиот сектор

Објавено 14/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петтиот столб на кој се заснова буџетот на земјоделскиот сектор е модернизацијата во земјоделството, која ја реализираме преку ИПАРД 3 Програмата, Проектот со поддршка од Светска Банка и нашите подмерки од мерка 121 „Модернизација во земјоделското стопнаство“ од Програмата за рурален развој.

Бележиме 95% реализација на средствата предвидени во ИПАРД 2 програмата, со склучени и веќе реализирани над 2.000 договори, што не позиционираше како земја лидер. Европската Комисија ги зголеми средствата во новата ИПАРД 3 програма за 62% со што, на располагање ќе имаме 97 милиони евра наменети за инвестиции во следните 7 години. Предвидуваме авансна исплата до 50% и го зголемуваме прагот на минимум прифатливите трошоци по проект. Успешната приказна на ИПАРД ја продолжуваме и во 2023 година.

Преку поддршка од Светска Банка го реализираме проектот за модернизација. Во 2023 ќе започне изградбата на трите откупни центри, во Ресен, Струмица и Скопје. Ова се три најголеми капитални проекти со кои се модернизира домашното земјоделство. Оваа година веќе ја започнавме постапката за проектирање и подготовка на урбанистичката документација за сите три откупни центри, а веќе е потпишан грантот за воспоставување на систем за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло. За прв пат, државата ќе изгради вакви современи објекти, како една од целите за модернизација, а системот за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло има и друга цел – ќе придонесе за намалување на стакленички гасови со што Северна Македонија преку конкретна мерка ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа.

Модернизацијата ќе ја спроведуваме и преку нашата мерка 121 од Програмата за рурален развој, која предвидува набавка на силоси, комбајни и сушари за ориз, какко и опрема за тутун, кои ќе ги кофинансираме до 600.000 денари. Ќе го поддржиме и интензивирањето на смарт земјоделство на набавка на модерни технологии во примарното производство, со кофинансирање до 600.000 денари. Поддршката за смарт земјоделство ќе овозможи набавка на современа опрема за контрола на влага, здравје на растенијата, контролирана употреба на пестициди, како и набавка на дронови и софтвери кои ќе се вградуваат во земјоделската механизација. Предвидени се и мерки за подобрување на пазарната конкурентност преку поддршка за маркетинг на земјоделските производи, наменета за набавка на специјални возила за директна продажба на земјоделски производи, со висина до 70% од прифатливите трошоци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Почетокот на неделата донесе промени во цените на пченицата и пченката
Следен напис Одземено бесправно исечено огревно дрво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?