Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почетокот на неделата донесе промени во цените на пченицата и пченката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Почетокот на неделата донесе промени во цените на пченицата и пченката
Пазари

Почетокот на неделата донесе промени во цените на пченицата и пченката

Објавено 14/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извештаите од Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA) имаат големо влијание врз светскиот пазар на житарки. Минатата недела покажува дека Австралија треба да постигне рекорден извоз оваа сезона, за разлика од Аргентина, која ќе падне на најниско ниво во последните осум години. Сепак, поголемиот извоз од Австралија, ЕУ, Русија и Украина ќе го надомести тоа.

Оваа анализа ги намали цените на пченицата во САД и Европа, кои паднаа за речиси 60 евра по тон во последните шест недели, пишува Agrarheute. Така, во петокот вечерта, терминскиот договор за март 2023 година на берзата во Чикаго падна за 13 центи, на 733 центи за бушел (0,25 евра/кг).

И на парискиот MATIF терминскиот договор за декември падна за 5 евра, на 302 евра за тон, а исто толку се тргуваше и за следните договори.

Почетокот на неделата донесе промени. Имено, викендов поради нападот на Одеса, Украина, дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија во важно пристаниште на Црното Море. Дополнително, мерките за ковид-19 беа олеснети во Кина, што доведе до раст на цените.

Така вчера на францускиот MATIF пченицата за договори во март се тргуваше за 1,3 отсто повисока цена и чинеше 306,25 евра/т. Како што пишува Farmer, котациите во однос на претходната година се зголемени за 7,5 отсто. И серијата договори што истекуваа со испорака во декември пораснаа за 0,1 отсто, на 303,00 евра/тон.

На берзата во Чикаго, за декемвриските договори се зголеми за 2,8 отсто на 269,33 американски долари/тон и е за 6,3 отсто понизок од минатата година.

Тргување со пченка

Цената на пченката на Париската берза во мартовскиот договор порасна за 0,3 отсто и изнесуваше 287,50 евра/т, што е зголемување за 16,4 отсто во однос на лани.

На берзата во Чикаго нејзината цена за испорака во декември порасна за 1,0 отсто и изнесуваше 252,45 американски долари/т и во однос на минатата година е зголемена за 9 отсто.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Таг:пченицапченка
Претходен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, снежната покривка четири сантиметри
Следен напис МЗШВ: Петтиот столб од земјоделскиот буџет за 2023 е носител на модернизацијата на земјоделскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?