Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во реони во Србија прогласена зараза од „Aфриканска свинска чума“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во реони во Србија прогласена зараза од „Aфриканска свинска чума“
Агровести

Во реони во Србија прогласена зараза од „Aфриканска свинска чума“

Објавено 14/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ловечкиот сојуз на Србија на својата фејсбук страна објави соопштение со кое информираат за појава на болеста Африканска свинска чума:

„Врз основа на решението издадено од страна на Управата за ветерина, со бр. 323-02-00010/2020-05/1 од 13.01.2020. година, во делови од подрачјето на ловиштата Видилиќ- Димитровград и Понишавље- Пирот , прогласена е зараза од африканска свинска чума. Корисниците на ловиштата и ловните работници добија јасни инструкции околу оваа уредба“.

Со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.

Упатуваме апел до граѓаните од пограничните региони и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат угината дива свиња, бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи. Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел, со земање на мостри за испитување на присуство на болеста од секоја застрелана свиња.

Лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивно движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите. 
Свињите да не се хранат со помии, односно кујнскиот отпад треба задолжително и нештетно да се уништи. За секое движење, животните треба да се придружени со валиден сертификат за нивната здравствена состојба.

Превозните средства треба да се исчистат и дезинфицираат пред да се натоварат или истоварат животните. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни на болеста кои немаат познат здравствен статус.

Агенцијата апелира свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус – производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни. Засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри.

Строго е забрането продавање на животни надвор од добиточните пазари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумаболестинформираатсојуз
Претходен напис Димковски: Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено
Следен напис Платежната агенција ги повикува лозарите кои имаа неплатено грозје од „Повардарие“ и „Стефани“да достават податоци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?