Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Димковски: Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено
Агровест

Димковски: Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено

Објавено 13/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во вечерашната дебата на Телевизијата 24 порача дека целокупното производство на тутун од реколатата 2019-та ќе биде откупено.

Тој потенцираше дека на денешниот состанок со тутунските откупни претпријатија се отворило прашањето за откупот на тутун и барањата на тутунопроизводителите.

„ Од почетокот на откупот на тутун сме на терен, во комуникација сме со тутунопроизводителите и со тутунските откупни претпријатија. Она што беше укажано од страна на тутунопроизводителите дека има одредени линии кои не се исти како претходните во однос на класите. На состанокот со тутунските претпријатија разговаравме за окупот, и договоривме дека сите што имаат над договореното производство ќе биде откупено истото, и целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено“, изјави министерот Димковски.

Досега се откупени над 20,4 милиони килограми во вредност од 4,5 милијарди денари. Од страна на откупните претпријатија исплатени се 4,2 милијарди денари. Просечната откупна цена е 222,5 денари за килограм, што е највисока откупна цена во последните шест години. Просечната откупна цена за тутунот од реколтата 2018-та беше 214,2 денари за килограм, а за реколта 2017-та беше 217,5 денари за килограм. Во овие три години, споредено со реколтите 2014 и 2015 година, ова се највисоките просечни откупни цени. Според статистичките податоци, реколтата 2014-та откупната цена била 117,2 денари за килограм, а 2015-та 185 денари за килограм. Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што МЗШВ го воведе, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Националната земјоделска мрежа со соопштение: Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?
Таг:откуппросечнареколтатутунцена
Претходен напис Важно за оние што планираат преку ИПАРД да вратат 60% од инвестицијата за подигнување нов овошен насад
Следен напис Во реони во Србија прогласена зараза од „Aфриканска свинска чума“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?