Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Бочварски во Берово ги претстави поедноставените постапки за поставување фотоволтаици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Бочварски во Берово ги претстави поедноставените постапки за поставување фотоволтаици
Агровести

Министерот Бочварски во Берово ги претстави поедноставените постапки за поставување фотоволтаици

Објавено 09/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети општина Берово при што со градоначалникот Звонко Пекевски пред граѓаните ги претставија поедноставените постапки за поставување фотонапонски електроцентрали, по неодамнешните измени на Законот за градење. Целта, како што истакна министерот Бочварски е општините да почнат со најлесна постапка да постават фотонапонски електроцентрали на крововите на своите објекти, со што ќе придонесат за намалување на сметките за електрична енергија, а од друга страна ќе помогнат на целиот енергетски систем во државата.

-Оваа постапка веќе е усвоена и драго ми е што веќе граѓаните ја препознаваат и аплицираат во општините за поставување фотоволтаици по новата процедура. Тоа е најкратка постапка со која што имаме доставување само на проект со архитектура и електрика фаза во општината и само информација или известување до општината за тоа дека тоа правно или физичко лице ќе постави фотонапонска електроцентрала на својот објект. Притоа нема да чекаат било какви процедури и постапки во општините за добивање решение за поставување на ваков тип на објекти на своите кровови и да може веднаш од наредниот ден да почнат со поставување на ваков тип објекти на своите кровови, рече Бочварски. Иако досега, како што посочи министерот, за процедурата се чекало по 30 дена за да се изготви едно вакво решение од страна на локалните самоуправи, денеска за тоа е потребно само еден ден, преку информирање на општината со доставување на скратена процедура на скратен основен проект за поставување на ваков тип на објекти.

-Ова е начинот како ќе помогнеме на граѓаните во оваа енергетска криза и ова е навистина придобивка за сите и заради тоа сме овде и ќе бидеме на терен и во другите општини што е можно повеќе да го презентираме овој модел за оваа постапка за да граѓаните во поголем обем да почнат со поставување на фотоволтаици. Уште еден аспект е аспектот на загадувањето дека ова е најеколошки исправен начин на производство на електрична енергија и верувам дека ќе биде од корист на сите, додаде Бочварски. Постапката се однесува за поставување на фотонапонски електроцентрали на покрив на објектите за физички и на правни лица, за физички лица или домаќинства до 6 kw поставувањето е без никакви одобренија и за правни лица до 40 kw, со што, според министерот, се решава ова прашање на најбрз можен начин за граѓаните во текот на оваа зима да можат да инсталираат вакви објекти на своите покриви.

-Во однос на поставувањето на електро централи на земјиште останува постапката со изготвување на урбанистички план, со што ќе бидат вклучени сите институции засегнати во процесот, бидејќи овде имаме и земјоделски површини каде треба да биде вклучено и Министерството за земјоделие, а се вклучуваат и МЕПСО и ЕВН и општините како исклучително важни органи и институции кои што знаат на територијата на својата општина каде е возможно, а каде не да постават вакви објекти. Од тој аспект во делот на поставување на фотонапонски електроцентрали на земјиште потребно е изработка на урбанистички план и документација која ќе се предвиди прво пренамена на таквата површина од земјоделско во градежно земјиште за истата да може да биде поставена, рече министерот. За градоначалникот Пекевски денешниот настан ќе биде од огромна корист за граѓаните на Општина Берово, кои во солидна бројка пројавиле интерес за поставување на фотонапонски централи на своите кровови и објекти.

-Верувам дека имаме голема заинтересираност од граѓаните, имаме неколку барања до општинската администрација, со временски период и јасно утврдени насоки и временскиот рок и роковите кои што треба да бидат процесуирани и начинот на кој би добиле одобрение за градбаи истите да отпочнат со сопствените инвестиции. Верувам дека тоа ќе биде од огромна полза за информираноста во пресрет на енергетската криза со која се соочуваме, рече Пекевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:фотонапоснки централи
Претходен напис Бислимоски: Од полноќ поголемо намалување на цената на горивата
Следен напис Уживајте во миризбата – Како да исушите лимон, портокал или друг цитрусен плод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?