Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Безглутенска исхрана – Поздрав начин на живот или само уште еден тренд на модерното време?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Безглутенска исхрана – Поздрав начин на живот или само уште еден тренд на модерното време?
Магазин

Безглутенска исхрана – Поздрав начин на живот или само уште еден тренд на модерното време?

Објавено 09/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Што е глутен?

Глутенот е протеин кој се наоѓа во одредени житарки.
Поради својата леплива текстура, глутенот му дава на тестото еластичност, а поради една од неговите главни карактеристики – држењето на обликот на тестото, ракувањето со брашното во кое нема глутен е многу комплицирано.

Житарката која најмногу ја користиме во исхраната и која веднаш се поврзува со глутенот е пченицата. Меѓутоа, постојат и поретко користени житарки кои исто така содржат и глутен, а тоа се ‘ржта и јачменот.

Овесот е безглутенска житарка, но бидејќи најчесто се обработува со пченица, се јавува вкрстена контаминација, па иако овесот содржи протеин сличен на глутен, авенин, тој генерално се смета за глутенска житарка. Ретко во прехранбената индустрија може да се најде овес од кој е изолиран глутенот, па пациентите кои боледуваат од целијаклија треба да користат само овес деклариран без глутен.

Што е целијаклија?

Целијаклија е многу сериозно автоимуно заболување, кое долго и тешко се дијагностицира, а бројот на алергични на пченица се зголемува од година во година, особено во најраната возраст. Ним им се придружуваат луѓе чие тело реагира со поблаги симптоми при контакт со глутен и тогаш се зборува за интолеранција.

Најголем проблем се скриените симптоми, кои се вообичаени кога се работи за целијаклијата. Оштетувањето на цревните ресички и појавата на други, често автоимуни болести е најголемиот проблем на луѓето кои боледуваат од целијаклија. Меѓутоа, кога ќе се дијагностицира навреме, луѓето со оваа болест можат да бидат целосно здрави, а нивниот „лек“ е безглутенската исхрана.

Безглутенска исхрана

Проблемот е во тоа што скоро сите прехранбени производи содржат глутен. Затоа, за луѓето кои се на безглутенска исхрана, а особено за оние кои имаат целијаклија, купувањето храна без глутен е многу комплицирано, бидејќи и мала трага на глутен може да предизвика здравствени проблеми.

Декларираните производи без глутен се безбедни, но и значително поскапи. Од друга страна, има многу производи кои не содржат глутен во составот, но тоа не е конкретно наведено. Ова е причината зошто читањето на етикетата е толку важно за секој кој е на безглутенска исхрана.

Фокусирањето на исхраната на месо и зеленчук наместо на тестото е главната карактеристика на безглутенската исхрана. Единствените дозволени тестенини се направени од пченка, ориз, хељда и други житарки без глутен.

Во здравата безглутенска диета би требало пред сè да се консумира што повеќе зеленчук, дозволени житарки (како пченка, хељда, ориз и сл.), протеини (месо и риба), свежо овошје, млечни производи, јаткасти плодови… Исхраната треба да биде разновидна.

Дали безглутенската исхрана е само уште еден тренд на модерното време?

Пред 20-тина години никој не зборуваше за глутенот, а денес тоа е топ тема во областа на здравјето и исхраната. Овој „тренд“ се популаризираше откако светските ѕвезди меѓу почнаа да го следат и да го промовираат како нешто што им помага за да ја одржат идеалната тежина, тоа последично доведе до голем број следбеници на безглутенската исхрана.

Најчести заблуди ви врска со безглутенската исхрана

1.Безглутенската исхрана го подобрува варењето

Не постојат докази дека варењето на храната ќе се подобри доколку се исфрли глутенот од исхраната. Целосното исфрлање на глутенот истовремено доведува до намалување на внесувањето влакна, што може да го забави метаболизмот и негативно да влијае врз варењето.

2.Глутенот предизвикува дебелеење

Една од заблудите на безглутенската исхрана е дека таа е само диета за слабеење. Ако користите иста количина на пецива и тесто, но без глутен, нема да ослабете. Глутенот нема никаква врска со килограмите. Губењето килограми зависи од квалитетот и количеството на храна што се внесува, како и од животниот стил. Доколку не водите сметка што и колку јадете, исфрлањето на глутенот нема да направи никаква промена.

3. Храната без глутен е здрава

Друга заблуда за безглутенската исхрана е дека таа по автоматизам е поздрав начин на исхрана. Може да биде поздрав само ако се користи поздрава храна и доколку подготовката на оброците се насочи кон сопствената кујна.
Храната без глутен содржи многу повеќе шеќер, заситени масти и калории од обичните намирници, така што на тој начин може да се внесат повеќе штетни материи. Не постои цврст научен доказ дека со исфрлање на глутенот од исхраната ќе се чувствувате подобро. Може да го исфрлите глутенот, но доколку не сте чувствителни на него, подобро е да не го правите тоа бидејќи може да предизвикате несакани ефекти, како губење на енергијата.

Може да ви се допадне

Овошен компот
Чоколаден колач со вишни
Пита со сирење, шунка и шери домати
Домати полнети со зеленчук и кускус
Крофни од рерна
Таг:безглутенска исхранаглутендиета
Претходен напис Во Кавадарци се одржа Фестивал на вино и вински туризам „Тиквешија 2022“  
Следен напис Швајцарска пиварница произведува замена за месо од нуспроизводи од пиво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?