Извозот на ракии од овошје во Србија е зголемен за околу 30 отсто од јануари до септември годинава во однос на истиот период во 2021 година и достигнал вредност од над 10 милиони евра.
По вредност, најмногу ракија Србија извезува во Хрватска, Германија, Црна Гора, САД и Босна и Херцеговина.
„Највисок раст на вредноста на извозот годинава е забележан на швајцарскиот пазар. Дополнително, нашите производители освојуваат нови пазари како Кипар, Азербејџан, Малта“, велат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија PKS.
Во Регистарот на производители на силни алкохолни пијалоци во Србија моментално се активни околу 930 производители. Во последниве години во Регистарот во просек се евидентирани околу 100 нови производители, додека одреден број се бришат од Регистарот, пренесува Аgronews.
