Во општина Гази Баба вчера се засадија 75 овошни садници со сертификат, произведени во Опитно поле-ФЗНХ, Скопје. На овој начин се одбележа оформувањето на ПРВИОТ ОВОШЕН ПАРК во Гази Баба.
Акцијата се спроведе во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата Зелен лист Воздух чист, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје.

Поводот за вчерашниот датум беше одбележувањето и на 75-годишнината на Факултетот за земјоделски науки и храна и компанијата ДС Смит-Скопје, 15-годишнината од формирањето на ЈКП Гази Баба 2007 и одбележувањето на Светскиот ден на Волонтерството.

Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба и предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките.

Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна се дава поддршка на предизвикот на ФАО Свет без глад до 2030 година и од друга страна созадаваме нови зелени површини и допринесуваме кон зачувување на животната средина.

