Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извозот на жито од Украина намален за една третина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извозот на жито од Украина намален за една третина
Агровести

Извозот на жито од Украина намален за една третина

Објавено 03/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Житница во Украина, август, 2022

Украина досега во сезоната 2022/2023 година извезла 18,1 милиони тони жито, што е за 29,6 отсто помалку од истиот период минатата година, кога биле извезени скоро 26 милиони тони, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство.

Извезени биле скоро 7 милиони дони пченица, помалку од 10 милиони тони пченка и околу 1,5 милиони тони јачмен.

По речиси шестмесечната блокада предизвикана од руската агресија, три украински пристаништа на Црното Море кон крајот на јули беа деблокирани, според договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Турција и на Обединетите нации.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање рече дека договорот ѝ овозможил на Украина да извезе речиси 13 милиони тони земјоделски производи.

Владата соопшти дека Украина оваа година би можела да ожнее околу 51 милиони тони жито, што е помалку од рекордните 86 милиони тони минатата година, поради загубата на земја од руските сили и пониските приноси.

Минатата недела, Украина и нејзините сојузници започнаа со план за извоз на жито во вредност од 150 милиони долари во земјите најранливи од глад и суша.

Зеленски рече дека првиот брод со пченица веќе заминал за Етиопија и оти ќе има и втор. Третиот брод со пченица ќе биде наменет за Сомалија.

До почетокот на следната година, во иницијативата ќе учествуваат околу 60 бродови, додаде тој.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:житоизвозтрговијаукраина
Претходен напис Ковачевски: Субвенциите за земјоделците во 2023 година не се намалени, напротив додадовме 1 милијарда денари за авансна исплата по новиот модел
Следен напис Потсетување за земјоделците: Аплицирајте до 25 декември за предадени градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?