Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 10 интересни факти од земјоделскиот сектор на Катар, домаќинот на Светското првенство во фудбал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > 10 интересни факти од земјоделскиот сектор на Катар, домаќинот на Светското првенство во фудбал
Магазин

10 интересни факти од земјоделскиот сектор на Катар, домаќинот на Светското првенство во фудбал

Објавено 29/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Катар, кој е актуелен месецов поради Светското првенство во фудбал, е многу мала земја која се наоѓа на Арапскиот Полуостров во Југозападна Азија и зафаќа површина од 11.581 км2. Во економијата доминира нафтената индустрија, а приходите од продажбата на нафта овозможија да се зголеми животниот стандард во таа земја, која е една од економски најразвиените во светот.

Поради неповолните климатски услови, земјоделството е слабо развиено. Најважно е одгледувањето на урми. Пред да биде откриена нафтата во 1939 година, нивната економија се засновала на риболов и потрага по бисери, бидејќи морето околу Катар содржи некои од најголемите светски живеалишта на бисерни школки.

Во продолжение прочитајте десет интересни факти од катарскиот земјоделски сектор:

-Според податоците на Светска банка, Катар има само 1,22 отсто обработливо земјиште или 14.000 хектари, што е само 0,01 отсто по глава на жител.

-Сместен во најсувиот регион во светот, оваа земја е подложна на тешки климатски услови со екстремно мала количина врнежи. Сепак, Катар произведува урми, зеленчук, житарки, овошје, месо, риба, млечни производи и добиточна храна.

-Најмногу увезуваат од земјите на Блискиот Исток, а потоа следат Европската Унија, САД, Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд.

-Увозот на свежо месо е забранет од Бразил и ЕУ, со исклучок на: Холандија, Франција, Бугарија, Германија, Шпанија. Забранет е увоз на свежа живина од САД, Виетнам, Филипини, Тајван, Тајланд, Нигерија, Индија, Канада, Иран, Кина и Бугарија. Сите намирници се целосно забранети доколку се од Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.

-Домашното производство на зеленчук во 2021 година изнесувало 102.000 тони.

-Во 2022 година, Катар достигнал самодоволност во производството на бројлерски пилиња.

-Вкупниот број на животни лани изнесувал 1.507.543, од кои 108.749 камили, 42.139 крави, 418.525 кози и 938.130 овци.

-Околу 22.000 камили се користат исклучиво за трки.

-Пчеларите поседуваат 7.313 кошници со пчели.

-Има 76 фарми кои одгледуваат урми. Се проценува дека има нешто помалку од 700.000 стебла. Во 2021 година произвеле 27.000 тони урми.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:земјоделствокамиликатарурми
Претходен напис Секоја четврта германска компанија размислува за преселување на производството во странство
Следен напис (ВИДЕО) Шест земјоделски алатки измислени од паметни луѓе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?