Индустријата за јајца во Обединетото Кралство моментално е во криза поради недостигот што доведува до преземаљње акции од страна на големите супермаркети, вклучувајќи ги Tesco, Asda и Lidl.
Трговците за недостигот ја обвинија најголемата досега епидемија на птичји грип во Британија. Меѓутоа, производителите велат дека главната причина е тоа што не се доволно платени за јајцата за да се земат предвид зголемените трошоци за храна и енергија, што некои ги истуркало од индустријата, намалувајќи го капацитетот.
Од „Tesco“ соопштија дека нивната посветеност да обезбедат дополнителни 13,9 милиони фунти поддршка до март 2023 година, ја зголемило нивната вкупна поддршка на 27,5 милиони фунти (31,2 милиони евра) од март оваа година.
Се вели дека поддршката ќе им биде исплатена на добавувачите за покривање на трошоците за ракување, преработка и производство на јајца.
„Tesco“ ќе продолжи да работи со своите добавувачи за да се осигура дека дополнителната инвестиција ќе биде пренесена на земјоделците што е можно поскоро, се вели во соопштението.
