На локација покрај автопатот Миладиновци близу Скопје, вчера се реализираше долго најавуваното пошумување помеѓу Јавното претпријатие „Национални шуми“ со „ДМ дрогерие“, поддржано од МЗШВ. Се пошумуваше површина од 10ха со 10.000 садници од багрем и 17.000 садници од чемпрес.
ДМ како општествено одговорна компанија за оваа акција на Јавното претпријатие му донираше средства за подготовка на почвата за пошумување, односно донираше 10 елечектрични бушилици и средства за набавка на садниците за пошумување на оваа површина. Ова е најголемата донација и поддршка што некоја приватна компанија ја донирала на Јавното претпријатие Национални шуми.

На пошумувањето присуствуваше министерот Љупчо Николовски, претставници од МЗШВ, помошник директорот Маре Басова, претставници од Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов, вработените од Подружницата Караџица од Скопје, вработени од ДМ, волонтери и други лица. На пошумувањето присуствуваа повеќе од 350 лица.

„Шумите се нашите бели дробови, нашиот живот, сите ние треба одговорно да се однесуваме, да ги почитуваме и чуваме. Со големо задоволство учествувам во акцијатата за пошумување во село Миладиновци. Благодарност до dm drogerie markt Makedonija која на еден ваков убав начин реши да го одбележи својот 10-ти роденден. Ова е досега најголемата донација која од приватна компанија ја има добиено ЈП „Национални шуми“, односно 27.000 садници од багрем и чемпрес, како и опрема односно 10 дупчалки и акумулатори.
Со ова засилено темпо на пошумување најавуваме дека 2023 ќе биде година на многу нови пролетни и есенски акции за пошумување на нови 500 хектари само преку Програмата на МЗШВ. Зелената транзиција е висок приоритет на МЗШВ.“, рече министерот Николовски.








