Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија се соочува со сериозна криза во свињарството – До средината на ноември три милиони свињи помалку од претходната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија се соочува со сериозна криза во свињарството – До средината на ноември три милиони свињи помалку од претходната година
Агровести

Германија се соочува со сериозна криза во свињарството – До средината на ноември три милиони свињи помалку од претходната година

Објавено 25/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германија е еден од најважните светски извозници на свинско месо, но прашање е дали ќе го задржи тој статус. Имено, до средината на ноември во Германија се заклани околу 8,4 отсто или околу 3 милиони свињи помалку од претходната година. Надолниот тренд продолжува, пишува Аgrarheute.

„Се подготвуваме за пад на околу 550.000 колења неделно“, рече д-р Дирк Коклер, извршен директор на агро-трговската групација „Агравис“ на неодамна одржаниот саем EuroTier. Во оваа земја во просек секоја недела се колат 750.000 свињи. Помеѓу 2010 и 2020 година, тој број достигнуваше повеќе од еден милион на неделна основа. Падот на околу половина милион колења би го преполовил производството во рок од неколку години.

Хуберт Келигер, член на одборот на здружението за месната индустрија и менаџер за продажба на кланицата Вестфлејш тврди дека кланиците не можеле да им исплатат пари на земјоделците поради зголемените трошоци. Следствено, фармерите се откажуваат од производството поради неликвидност или затоа што не гледаат иднина за сточарството во Германија. Затоа месото ќе стане дефицитна стока, а на полиците на продавниците нема да има домашни производи, коментира тој.

Минатата година популацијата на овие животни паднала на најниско ниво во последните 25 години, а годинава се очекува да се намали за уште 10 проценти. Моментално кланиците работат во една смена.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:германијасвињи
Претходен напис Нуредини: Ќе овозможиме Попова Шапка да стане реномиран ски-центар каков што заслужува да биде
Следен напис (ВИДЕО) Берба на брокула, зелка, кромид со модерни машини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?